Таг: Чаир

таг: Чаир

Владата ѝ дала објект на општина Чаир за изградба на базен, кој е веќе издаден под кирија до 2049 година

Општина Чаир со владина одлука од 30 јули 2021 година, го зеде во употреба објектот во кој треба да изгради базен за граѓаните на општината. Но, овој објект има два активни договори со различни субјекти кои имаат право на користење - едниот до 2035 година, а другиот до 2049 година. Затоа сега општината бара да се раскинат договорите бидејќи...

Булеварот „Цветан Димов“ со шест ленти ветен од Висар Ганиу и натаму останува блокирана артерија на Чаир

Проширувањето на булеварот „Цветан Димов“ сè уште е предизвик за локалните власти и секојдневен проблем за граѓаните на Чаир, на кои поради гужвата во сообраќајот за да поминат еден километар пат им се потребни десетина минути, пишува Порталб.мк. Таканаречената улица „Кај Јахја Паша“ е една од најфреквентните улици во Чаир, и е главната артерија што ја поврзува оваа општина со центарот...

Четири општини ги послушаа младите и започнаа да ги реализираат нивните еколошки идеи

Нови контејнери и велосипедски патеки во Куманово, фотоволтаични кровови во Чаир, селекција и чистење на отпадот и нови велосипедски паркинзи во Аеродром, како и нови паркови и повеќе зеленило, а помалку автомобили во Кисела Вода. Ова се проекти на кои се работи, а кои ги побараа младите од овие четири општини пред локалните избори минатата година, преку проектот „Дигитален...

Порталб: Ганиу сѐ уште не го исполнил ветувањето за катни гаражи во Чаир

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, повеќе од четири години ветува изградба на катни гаражи. Откако во првиот мандат не го исполни ова ветување, во пресрет на изборите за втор мандат, Ганиу повторно излезе со истото ветување за изградба на катни гаражи, пишува Порталб.мк. Висар Ганиу рече дека проектот ќе се реализира во соработка со бизнисменот од Косово, Беџет Пацоли, односно...

Контраспин: Ансамблот „Звуците на Каршиака“ во Турција ја претставуваше РС Македонија, а не некоја друга држава

Ансамблот од Чаир, кој настапил под македонско знаме, го претставува фолклорот на РС Македонија, како мултиетничка држава, додека фолклористите не биле на трошок на Министерството за култура, туку гости на Градот Измир, кој ги избира учесниците на меѓународниот фестивал по пат на конкурс. Движењето за социјална правда „Ленка“ споделува фотографија од настап на фолклорен анасамбл од фестивал во Турција, со...

Учениците од „Исмаил Ќемали“ се простија од загинатите другарчиња: Соништата завршија во пепел (Фото)

„Секогаш во нашите срца“, „Соништата завршија во пепел“, „Ќе се сеќаваме на вас“, „Ќе ни недостасувате“ - Со вакви пораки испишани на трансапренти, со букети цвеќе во рацете и со солзи во очите денеска учениците од основното училиште „Исмаил Ќемали“ од Чаир им оддадоа почит на своите соученици кои ги изгубија животите во кобната несреќа со автобусот на „Беса...

МЗ: Почина 26 годишна родилка со тешка здравствена состојба и неконторолирана бременост

Министерството за здравство со жалење информира дека синоќа на ЈЗУ СБГА „Мајка Тереза“ – Чаир почина родилка на 26 години, на која со царски рез и беше извадено машко бебе. Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. Во ваква лоша состојба таа...

Порталб: Иако беше ветено, ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир сè уште не е реконструирано

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу во програмата која ја презентираше во предизборната кампања на последните локални избори, меѓудругото вети и многу проекти во врска со реконструкција на основните училишта на територијата на оваа општина, пишува Порталб.мк. Во оваа програма тој вети реконструкција на ОУ „Исмаил Ќемали“. Сепак, иако вети дека проектот за реконструкција на ова училиште ќе вклучува реконструкција на...

Заврши гасификацијата на болницата „Мајка Тереза“ во Чаир

Еден од најголемите загадувачи на Скопје, Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир е гасифицирана. Инвестицијата е вредна 17 милиони денари, и станува збор за значаен капитален проект. „Досега оваа болница се грееше на мазут и беше еден од најголемите загадувачи во Скопје, се жалеа сите. Овие црни оџаци повеќе нема да функционираат. Поставени се панели на...

Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедска врска со Центар, активистите го бараат истото и за Чаир

Скопските населби Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедско поврзување со централното градско подрачје во рамките на тековната реконструкција на булеварот Александар Македонски. Градот Скопје за прв пат ќе врши експропријација на земјиште за да се изгради велосипедска патека по овој булевар, преку која граѓаните од овие две населби ќе можат да патуваат со велосипед до центарот на Скопје. Станува...

Во Гинекологија Чаир од јануари досега евидентирани 300 породувања повеќе во однос на лани

Во Специјалната болница по гинекологија „Мајка Тереза“ во Чаир, евидентирано е зголемување на бројот на породувања во изминатите седум месеци, во споредба со истиот период минатата година, соопштија од Министерството за здравство. „Од почетокот на оваа година, до крај на јули, годинава, се извршени 2.511 породувања, што е за речиси 300 породувања повеќе, во однос на овој период лани, кога...

Пуштен во употреба булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ до скопската обиколница

Новиот булевар „Христијан Тодоровски - Карпош“, кој се протега од крстосницата со улицата „Босна и Херцеговина“, кај стара Општина Чаир, до скопската обиколница, денеска беше свечено пуштен во употреба. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на церемонијата на која присуствуваа и градоначалниците на општините Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари - Велимир Смилевски, Борис Георгиевски и Курто Дудуш, како и претседателката на...

Ирфан Јетиши, хуманиот трговецот од Чаир кој нуди бесплатни производи за време на корона кризата

Ширењето на коронавирусот тешко ги погоди граѓаните на земјата. Повеќето бизниси се привремено затворени, во согласност со владините мерки, и како резултат, голем број вработени во јавниот сектор ги загубија своите работни места овој месец. Кризата предизвикана од овој вирус, повеќето трговци и продавници ја користат за зголемување на цените, особено овошјето и зеленчукот, со што се влошува состојбата...

Од утре времен сообраќаен режим на Пластичарска улица

Град Скопје извести дека поради реконструкција на т.н. „пластичарска улица“, од утре на оваа прометна сообраќајница ќе има времен сообраќаен режим. Истовремено, од саботата поради изградба на кружен тек кај Поликлиниката Чаир, изместени се трасите на линиите 9,19, 35 и 81. На „Пластичарска„ утре ќе почне асфалтирањето на северната тротоарска површина на потегот од клучка Бит-пазар до првата семафоризирана крстосница...

Украдени новозасадените дрвца кај поликлиниката „Чаир“

Непознати сторители изминатава ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред Поликлиниката „Чаир“ кои екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги засадија во текот на вчерашниот ден, информираат од Град Скопје. Со кражбата е причинета материјална штета, а претходно уреденото зеленило на локацијата е изгазено и уништено. Инцидентот е пријавен во полиција. „Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Паркови...

По осум месеци од поставувањето на скелињата, почнаa работите на фасадата на „Цветан Димов“

По осум месеци од монтирањето на скелињата околу средното училиште „Цветан Димов“, ветената реконструкција на објектот во Чаир, почна дури вчера. Почетокот на работите го објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пренесува „Порталб“. Шилегов рече дека фасадата ќе има посебен визуелен стил, во кој доминира стакло. -Новата енергетски ефикасна фасада на „Цветан Димов“ ќе има специфичен визуелен и естетски стил, односно...

Град Скопје: Ако котелот продолжува да загадува, болницата во Чаир ќе биде затворена

Инспекторите на Град Скопје денеска извршиле вонреден инспекциски надзор во просториите на Специјалната болница по гинекологија и акушерство во Чаир, по пишувањата во медиумите дека котелот што се користи за загревање на просториите и на водата за потребите на болницата чади и прекумерно загадува. „Инспекторите утврдија дека станува збор за дефект на дизните од котелот што е стар повеќе од...

МОН знае за состојбата во „Имри Елези“, барањето е испратено во Финансии

Министерството за образование и наука (МОН) потврдува дека знае за моменталната состојба со прекршувањето на законите во врска со првоодделенците во основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир и вели дека се во очекување на позитивен одговор од страна на Министерството за финансии. Во ова училиште во населбата Дижонска годинава се запишани 108 првоодделенци, кои се поделени во три паралелки,...

Општина Чаир ќе доделува субвенции за велосипеди

Општина Чаир денеска ја пушти во употреба велосипедската патека на улицата Втора Македонска бригада и соопшти дека ќе доделува субвенции за велосипеди. Новата велосипедска патека е поставена на коловозот на улицата и е обележана со пластични конуси. Таа беше поставена заедно со Град Скопје, а завршувањето на работите денеска свечено го одбележаа градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и  Сенад...

Пешак удрен од автомобил во Скопје починал во болница

Скопјанецот И.К. (55) вчера бил удрен од автомобил на улица во Чаир, по што бил пренесен во Ургентен центар, каде по кратко време починал. Како што соопшти полицијата, сообраќајката се случила вчера во 20.20 часот на улицата „Кемал Сејфула“ во Скопје, кога автомобил „ауди А3“ со турски таблички, управуван од Џ.Ш. (28) од Скопје, удрил во И.К. и му нанел...

Кривична пријава за полицаец што возел пијан

Полицаец доби кривична пријава бидејќи возел пијан и довел во опасност и се заканувал на други учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи информираше дека до Основното јавно обвинителство...