fbpx
Таг: борби

таг: борби

Жестоки судири кај сирискиот град Алепо

Интензивни судири се водат во околината на сирискиот град Алепо, каде бунтовниците се обидуваат да го пробијат обрачот што околу градот го направија државните сили. За време на викендот, бунтовниците се обидувале да ги зголемат подрачјата кои ги контролираат во источниот и во западниот дел на градот. Како што јавува „Би-би-си“, бунтовниците активирале силна бомба во тунел под позициите на сириската армија...

20.000 деца во Фалуџа чекаат да бидат ослободени од ИД

Во ирачкиот град Фалуџа, кој пред две години беше заземен од Исламска држава и каде што се водат жестоки битки, заробени се околу 20.000 деца. Детскиот фонд на Обединетите нации предупредува дека децата се соочени со ризик од принудна регрутација и со одвојување од семејствата. Од почетокот на ирачката воена операција во Фалуџа, 60 километри западно од Багдад, мал број семејства биле во...

Ирачките сили влегоа во Фалуџа, во офанзивата против ИД

Елитните сили на ирачката војска утрово почнале да влегуваат во градот Фалуџа, каде почнале операција за истиснување на милитантите на Исламска држава (ИД) од ова нивно упориште, кое се наоѓа на околу 50 километри од Багдад, соопшти командата на операцијата. „Ирачките сили влегоа во Фалуџа со поддршка од воздух на меѓународната коалиција, како и на ирачкото воздухопловство, артилеријата и тенкови“,...

Милитантите во Либија презеле контрола врз три населени места

Во западниот град Мисрата во Либија, милитантите ја презеле контролата врз три населени места јужно од градот, вклучувајќи ја и областа Абу Граин, соопшти претставник на либиска милитантна група. Тој додаде дека воените авиони извршиле напад врз силите на ИД додека тие се повлекувале од позициите. Во нападите се убиени шест припадници на милитантните групи, а 17 се ранети.

Повеќе од 300 лица загинале при судири меѓу ривалски исламистички групи

Сирискиот центар за опсервација на човековите права денеска соопшти дека изминативе 20 дена најмалку 300 лица загинале при судири меѓу припадници на ривалски исламистички групи во близина на Дамаск. Според Центарот, чие седиште е во Лондон, борбите се воделе меѓу салафистичката Армија на исламот, која има поддршка од Саудиска Арабија, од една, и Баталјонот на семилостивиот и сирискиот разгранок на Ал...

„Диво Насеље“: Горчина од неодговорени прашања и почит кон жртвите

Денеска е точно една година од крвавиот судир на полицијата и на терористичката група во кумановското Диво Насеље, во која осум специјалци на Министерството за внатрешни работи (МВР) загинаа, а 37 беа ранети. Министерството за внатрешни работи, по завршувањето на борбите, на 10 мај излезе со изјави и со соопштенија дека е ликвидирана „една од најопасните терористички групи на Балканот“,...

Исламска држава го зазеде гасното наоѓалиште Шаер во Источна Сирија

Исламска држава денеска го зазеде главното наоѓалиште на гас Шаер, во Источна Сирија, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на бунтовнички извори и на невладини организации. Ова е прв борбен успех на џихадистите во реонот на Палмира, откако во март беа потиснати од градот. Според агенцијата „Амак“, блиска на оваа џихадистичка група, борците воспоставиле контрола врз гасното наоѓалиште и неговите инсталации, каде...

ОН: Во Украина досега загинале 9.333 луѓе

Обединетите нации (ОН) проценуваат дека во досегашниот конфликт во Источна Украина загинале 9.333 луѓе. Во март таа бројка изнесуваше 9.160 луѓе. Бројот на ранетите е околу 21.400 лица. Во извештајот се наведува дека борбите особено ескалирале во изминативе неколку недели и тоа на ниво како во август 2014 година, кога биле најинтензивни. Двете страни во конфликтот, украинските владини сили и сепаратистите поддржани од...

Азербејџан прогласи едностран прекин на огнот во Нагорно-Карабах

Азербејџан денеска прогласи едностран прекин на огнот во борбите со силите на Ерменија во регионот на Нагорно-Карабах, кои избувнаа ноќта меѓу петокот и саботата. Како што јавува „Би-би-си“, министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопштило дека нивната одлука е одговор на меѓународните повици за прекин на насилствата. „Азербејџан, покажувајќи знак на добра волја, донесе одлука за едностран прекин...

Најмалку 30 загинати војници во Нагорно-Карабах – ситуацијата и натаму тензична

Нови борби меѓу вооружените сили на Ерменија и Азербејџан се одвивале ноќеска во регионот на Нагорно-Карабах, долж линија за контакт, јавува „Би-би-си“. Извештаите од теренот, на кои се повикува британскиот национален сервис, велат дека од двете страни било користено тешко вооружување, минофрлачи и артилерија. Во вчерашните борби, според информациите, загинале најмалку 30 војници, а има информации и за цивилни...

Путин ги повика Ерменија и Азербејџан да ги запрат борбите во Нагорно-Карабах

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика властите на Ерменија и на Азербејџан да ги запрат воените дејствија во регионот на Нагорно-Карабах кој избувнаа ноќеска, јавува „Би-би-си“. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, како што пренесуваат агенциите, во текот на денов имал телефонски разговори со своите колеги, министрите за одбрана на Ерменија и на Азербејџан, Сејран Оханјан и Закир...

Сириската војска ја зазеде цитаделата во Палмира, во офанзивата против ИД

Силите на сириската влада напредуваат во офанзивата против милитантите на Исламска држава за преземање на античкиот град Палмира во Сирија, каде, според извештаите на агенциите, денеска се воделе жестоки борби. Според новинската агенција Сана, сириската војска ја презела контролата врз реконструираниот замок од 13. век, кој се наоѓа на рид во западниот дел од античкиот град. Провладината телевизија „Ал...

Борби за Палмира – загинаа 26 провладини сириски војници

Најмалку 26 провладини борци загинаа во судирите со припадниците на Исламска држава во близина на древниот град Палмира, соопшти Опсерваторијата за човекови права. Опсерваторијата за човекови права наведува дека Исламска држава одбила офанзива на силите лојални на сирискиот режим и притоа загинале најмалку 26 борци. Во меѓувреме, „авиони за кои се верува дека се руски, извршиле удари на одредени делови на...

Повеќе од 180 лица загинаа на првиот ден од примирјето во Сирија

На првиот ден од склученото примирје во Сирија, загинаа повеќе од 180 лица. Од Сирискиот центар за надзор на човековите права соопштија дека половина од лицата загинале во напади на Исламска држава во северните делови на земјата. Во нападот на ИД врз сирискиот град Тел Абад на границата со Турција, како и врз околните градови и села, убиени се 70 џихадисти, 20...

Ал каеда зазеде град во Јемен

Припадниците на Ал каеда без отпор зазеле град на југоистокот на Јемен, каде во тек се судири со властите и со шиитските бунтовници, соопштија јеменските сили за безбедност. Ал каеда го зазела градот Азан, кој се наоѓа на патот меѓу два големи града на југоистокот на Јемен, јавуваат светските агенции, додавајќи дека во градот се виори знаме на терористичката организација. Во...

ОБСЕ: Во борбите во Украина се користи забрането оружје

Борбите во Источна Украина продолжуваат и покрај договорот за прекин на огнот, според кој треба да се повлече тешкото вооружување, соопшти денеска заменик-раководителот на надзорната мисија на ОБСЕ во Украина, Александар Хуг. Хуг истакна дека набљудувачите на ОБСЕ и понатаму се сведоци на борби во Источна Украина и на користење забрането оружје и тоа од двете завојувани страни. Од почетокот на судирите...

Жестоки борби меѓу авганистанските сили и талибанците околу градот Кундуз

Жестоките борби околу градот Кундуз, во северниот дел на Авганистан, продолжиле и ноќеска, еден ден откако авганистанските безбедносни сили почнаа акција за да го повратат градот што во понеделникот беше заземен од талибанците, јавуваат светските агенции. Официјални лица од војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопштиле дека синоќа извршиле два нови воздушни напади врз позициите на талибанците. Како што јавуваат медиумите, вчера...

Тројца турски војници загинаа во напад на ПКК

Курдската работничка партија (ПКК) нападна армиски баталјон во југоисточниот округ Ширнак, Турција. Во нападот загинаа тројца турски војници. Од армијата соопштија дека во тој реон сега се водат борби. Оттаму потврдија и дека позиции на ПКК биле нападнати од воздух со хеликоптери. Лидерот на прокурдската Демократската партија на народите, Селахатин Дермиташ, ја обвини владејачката Партија на правдата и развојот на претседателот...

Во борбите во Сирија, за еден месец загинале повеќе од 5.000 лица

Повеќе од 5.000 лица загинале во борбите во Сирија за време на муслиманскиот свет месец Рамазан, период во кој сите воени судири се забранети, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права. Во периодот од 18 јуни до 16 јули загинале 5.026 лица, меѓу кои најмалку 1.220 цивили. Во Сирија, граѓанската војна е почната од март 2011 година. Дамаск е вклучен во борбите...

Жестоки борби меѓу ирачката војска и милитантите на ИД кај Фалуџа

Ирачките шиитски борци и армиските трупи успеале да добијат предност во вчерашните жестоки борби со милитантите на Исламска држава (ИД) северно од гадот Фалуџа, но сè уште наидуваат на жесток отпор од милитантите, кои возвраќаат со самоубиствени бомбашки напади, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на извори од ирачката армија и од шиитската милиција. Владата на премиерот Хаидер ал-Абади се обидува...

За една година изградени се 80 мегавати фотонапонски електрани

Целиот регионот треба да се стреми кон што побрза енергетската транзиција. Ова го истакна Виктор Андонов, соработникот за енергетика во Владата на Република Северна Македонија, на регионалната експертска Конференција...