fbpx

Азербејџан прогласи едностран прекин на огнот во Нагорно-Карабах

-

Азербејџан денеска прогласи едностран прекин на огнот во борбите со силите на Ерменија во регионот на Нагорно-Карабах, кои избувнаа ноќта меѓу петокот и саботата.

Како што јавува „Би-би-си“, министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопштило дека нивната одлука е одговор на меѓународните повици за прекин на насилствата.

„Азербејџан, покажувајќи знак на добра волја, донесе одлука за едностран прекин на насилствата“, било наведено во соопштението на министерството за одбрана, со предупредување дека нивната војска ќе возврати доколку биде нападната.

Од друга страна, Давид Бабајан, портпарол на војската на Нагорно-Карабах, која ја има поддршката на Ерменија, изјавил дека жестоките борби и натаму продолжуваат, во југоисточните и североисточните сектори на линијата за контакт.

Во дводневните борби меѓу ерменските и азербејџанските сили во Нагорно-Карабах, според досегашните информации загинале најмалку 30 војници од двете страни, а има информации и за цивилни жртви.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...