fbpx
Таг: болница

таг: болница

Две гостиварки се затруле со печурки

Две гостиварки на возраст од 30 и од 67 години се затруле откако јаделе отровни печурки. Затруените жени од населбата Циглана 2, во гостиварската болница биле донесени со видливи знаци на труење, вчера околу 18.30 часот. Во текот на денот и двете собирале печурки, кои ги консумирале неколку часа пред да побараат лекарска помош. Поради лошата здравствена состојба, тие веднаш...

„Лекари без граници“ ја напуштија бомбардираната болница во Кундуз

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ се повлече од болницата во авганистанскиот град Кундуз, по воздушните напади на американската авијација во која загинаа повеќе доктори и пациенти. Директорката на прес-службата, Кејт Стегман, рекла дека некои членови на нивната организација се префлиле да работат во други здравствени установи во истиот град, каде и понатаму се водат борби. Од „Лекари без граници“ ги обвинија...

Обама се извини за бомбардирањето на болницата во Кундуз

Американскиот претседател Барак Обама се извини за вчерашниот бомбашки напад врз болницата во авганистанскиот град Кундуз и го нарече трагичен случај. Воздушните сили на САД по грешка ја бомбардираа болницата, при што загинаа 19 лица, од кои 12 лекари, а ранети се 37 луѓе. Во текот на нападот во болницата се наоѓале 105 пациенти и 80 припадници на хуманитарната организација...

Девет жртви при бомбардирање на болница во Авганистан

Најмалку девет, припаднци на организацијата „Лекари без граници“, загинаа при бомбардирање на болница во авганистанскиот град Кундуз. Болницата е погодена и делумно оштетена во текот на ноќта, а од НАТО е соопштено дека медицинската установа е можеби колатерална штета во нападот на американската авијација. Според зборовите на портпаролот на НАТО, Брајан Трајбс, американските сили го извршиле нападот во 2 часот по...

Хоспитализирани десетина средношколци од „Арсени Јовков“

Десетина ученици од средното училиште „Арсени Јовков“ денеска попладне, околу 18.30 часот, се пожалиле на печење на очите и на грлото, соопшти МВР. На учениците во училиштето им е укажана итна медицинска помош, по што веднаш се хоспитализирани. СВР Скопје е на терен и работи на утврдување на причината за ваквата појава. Официјални податоци за случајот, како што соопштија од МВР, ќе...

Адил Мустафа: Моето апсење беше политички мотивирано

Доктор Адил Мустафа на прес-конференција изјави дека бил уапсен поради политички причини, затоа што јавно ја кажал вистината за организираниот криминал поврзан со болницата „Шендети“, во тетовска Мала Речица. Сомнежот за сето ова, како што вели Мустафа, го поткрепува со неговото лишување од слобода, кое се случило само неколку часа откако тој јавно проговорил за болницата „Шендети“, која тој ја...

По помината ноќ во тетовскиот затвор, доктор Мустафа е пуштен на слобода

Доктор Адил Мустафа, кој синоќа беше уапсен на граничниот премин Ќафасан, е пуштен на слобода, информираат од тетовскиот основен суд. Тој денеска ја платил затворската казна во времетраење од 170 дена, која судот му ја одредил поради ненавремена уплата на парична казна за кривично дело измама, при добивање кредит и друга погодност и оштетување туѓи права. Мустафа вчера беше уапсен откако...

Груевски: Ќе се реконструираат шест болници

Премиерот Никола Груевски денеска истакна дека неколку болници во Република Македонија темелно ќе се реконструираат, во што ќе се вложат околу 40 милиони евра. Одговарајќи на новинарско прашање, тој истакна дека во наредните шест месеци ќе се направат темелни реконструкции на шест болници во Македонија. Тој изјави дека инвестицијата вредна околу 40 милиони евра ќе почне во наредните месеци и ќе заврши во...

Од октомври реконструкција на Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид

Кон средина на октомври, ќе почнат градежните работи за реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и за трауматологија „Свети Еразмо“, која треба да заврши во рок од 18 месеци или до април 2017 година. Тендерот за градежните работи е веќе објавен, информираат од Министерството за здравство. Станува збор за вкупна инвестиција вредна 215 милиони денари. Проектот опфаќа реновирање и адаптација...

СДСМ-Прилеп: Одложени сите операции во прилепската болница

„Со својата неодговорност и негрижа за здравјето на прилепчани, ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше работата на прилепската болница „Борка Талески“. Веќе неколку дена се одложуваат сите операции на хирургија, гинекологија, ортопедија, како и на очното и на ушно одделение во болницата“, рече Сашо Велески, претседател на општинската организација на СДСМ во Прилеп. Според него, граѓаните се оставени сами на себе и за каква...

Во Штип ќе се гради современа болница

Нова најсовремена, најквалитетна и најсофистицирана клиничка болница ќе се гради во Штип, која воедно ќе биде современа здравствена установа за повеќе од 200.000 граѓани во тој регион, најави министерот за здравство, Никола Тодоров. Ќе почне да се гради во средината на октомври 2015 година, а според прoцените ќе биде готова во средината на октомври 2017 година. - Квалитетот на еден здравствен...

Одбил да застане и удрил полицаец на раскрсница

Полициски службеник вчера, околу пладне, бил удрен од автомобил додека го регулирал сообраќајот на раскрсницата од улиците Маршал Тито и Видое Смилевски-Бато, во Тетово. Според полицијата, сообраќајниот полицаец бил удрен од автомобил, што го управувал А.Б. (31) од селото Нераште, кој одбил да застане на неговата наредба. Полицаецот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, за укажување лекарска помош, а...

Тодоров: Ќе се гради нова болница во Куманово

Ќе се гради нов ургентен центар во Куманово, во рамките на Општата болница, а веќе е изработен идејниот проект, објави денеска министерот за здравство, Никола Тодоров. - Објектот ќе се состои од приземје и од кат со површина од околу 600 квадратни метри и ќе се гради до местото каде се наоѓаат постојните ургентни амбуланти на интернистичкиот оддел, така што овие објекти...

Поштар од Злетово несакајќи се застрелал со пиштол во нога

Триесет и едногодишен поштар во пробиштипското село Злетово вчера попладне, несакајќи се застрелал во десната потколеница, со пиштол што го поседувал со дозвола, информира полицијата. Инцидентот се случил околу 13.15 часот, во објектот на „Македонски пошти“ во Злетово. Според полицијата, поштарот Т.Д., кој дента разнесувал пензии во селото Лесново, со себе го зел и својот пиштол, марка „застава“ калибар 7,65 милиметри,...

Се вработи во штипската болница по 19 години волонтирање

Штипјанец, кој цели 19 години работел за 4.500 денари како волонтер, изминатата недела доби решение за вработување на неопределено работно време. Овој волонтер е еден од 42 волонетери од Клиничката болница и градинката „Вера Циривири Трена“, кои добија вработување по новиот закон за трансформација на раобтниот однос. Некои од нив работеле по две-три години како волонтери или договорно, но...

Петмина тетовци осомничени за насилство, двајца од нив завршиле во болница

Тетовската полиција поднела пријава против пет лица, од кои четворица се товарат за насилство и едно за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. Според полицијата, кон крајот на мај годинава, при меѓусебна тепачка, петтосомничениот со нож им нанал убодни рани на двајца од другите пријавени, кои поради сериозноста на повредите биле примени во Клиничката болница во Тетово, каде...

Градоначалникот на Прилеп со џипот удрил мотоциклист

Синоќа, околу 22 часот, во центарот на Прилеп, се случи сообраќајна несреќа во која градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, со својот џип, марка „киа спорт“, удрил во мотор што го управувало повозрасно лице. Според очевидци на сообраќајката, вртејќи полукружно на булеварот, Ристески со своето возило удрил во веспата, а веднаш потоа го качил возачот на моторот во својот џип и...

Сириец избоден со нож во расправија меѓу мигранти

Дваесет и четиригодишен Сириец бил избоден со нож во расправија меѓу мигранти, што утрово се случила во атарот на кумановското село Табановце, соопшти полицијата. Инцидентот се случил околу 1 часот, кога на И.К. со нож му биле нанесени убодни рани во ногата. Тој бил пренесен во кумановската болница за укажување лекарска помош. Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.

15-годишен ученик претепал врсник со боксирач

Петнаесетгодишен ученик од Тетово вчера, околу 10 часот, со боксирач нападнал свој врсник и му нанел повреди на главата, информираат од полицијата. Повредениот ученик по инцидентот бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде по укажната лекарска помош бил задржан на лекување. Од полицијата информираат дека по преземените мерки, осомничениот бил приведен и со него е извршен разговор во присуство на родител. Полицијата...

Драган Николиќ во тешка состојба примен во болница

Српскиот актер Драган Николиќ се бори за живот, јавија српските медиуми. Според нив, актерот, кој неодамна беше подложена на оперативен зафат на дебело црево, итно е пренесен во болница, а лекарите се борат за неговиот живот. Тие информираат дека 71-годишниот Николиќ бил приклучен на апарати затоа што не можел самостојно да дише. По извесно време лекарите успеале незначително да ја подобрат неговата здравствена...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...