fbpx

Адил Мустафа: Моето апсење беше политички мотивирано

-

Доктор Адил Мустафа на прес-конференција изјави дека бил уапсен поради политички причини, затоа што јавно ја кажал вистината за организираниот криминал поврзан со болницата „Шендети“, во тетовска Мала Речица.

Сомнежот за сето ова, како што вели Мустафа, го поткрепува со неговото лишување од слобода, кое се случило само неколку часа откако тој јавно проговорил за болницата „Шендети“, која тој ја изградил, а, според него, пропаднала поради организиран криминал на владејачки структури и на приватна банка.

– Од судот велат дека ме уапсиле затоа што не сум платил парична казна за која имало правосилна пресуда. Јас решение од таква правосилна пресуда немам добиено. Зошто полицијата не ме уапси претходно, јас претходно неколкупати со автомобил го поминував граничниот премин Ќафасан – изјави Мустафа.

Доктор Адил Мустафа беше уапсен на граничниот премин Ќафасан во понеделникот, но по помината ноќ во тетовскиот затвор, беше пуштен на слобода, откако ја платил затворската казна во времетраење од 170 дена, која судот му ја одредил, поради ненавремена уплата на парична казна за кривично дело измама, при добивање кредит и друга погодност и оштетување туѓи права.

Докторот обвини дека болницата „Шендети“ пропаднала поради приватна банка која неколкупати не ги исплаќала сите средства од одобрените кредити, наменети за опремување на болницата, што било услов за добивање лиценца за работа.

Според Мустафа, проблемот се усложнил откако Фондот за здравствено осигурување одбивал да склучи договор со „Шендети“, за, како што тврди тој, да не се создаде конкуренција на одредени приватни здравствени установи блиски до власта.

Според него, за случајот „Шендети“ треба да постапува специјалното обвинителство, затоа што претседателот на СДСМ, Зоран Заев, поседува аудиоснимки во кои постојат докази за организираниот криминал со болницата во Мала Речица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...