fbpx

Девет жртви при бомбардирање на болница во Авганистан

-

Најмалку девет, припаднци на организацијата „Лекари без граници“, загинаа при бомбардирање на болница во авганистанскиот град Кундуз.

Болницата е погодена и делумно оштетена во текот на ноќта, а од НАТО е соопштено дека медицинската установа е можеби колатерална штета во нападот на американската авијација.

Според зборовите на портпаролот на НАТО, Брајан Трајбс, американските сили го извршиле нападот во 2 часот по полноќ и во тек е истрага за инцидентот.

Засега потврдено е дека загинале девет лица, кои во болницата работеле како дел од организацијата „Лекари без граници“.

„Многу сме шокирани од нападот и од убиството на членовите на нашиот персонал. Загинаа неколку пациенти, а неизвесна е судбината на 30 лица. Овие ситуации лошо влијаат на нивото на здравствена заштита во Кундуз“, се наведува во соопштението на „Лекари без граници“.

Конфликтите во градот Кундуз се интензивираа на крајот на септември, откако талибанците успеаја да влезат во градот, по што американските воздушни сили покренаа акција за поддршка на локалните безбедносни сили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Правото на глас денес ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во државата. Според Државната изборна комисија, за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни...