Таг: бездомни кучиња

таг: бездомни кучиња

Во недела нерасните кучиња ќе имаат можност да учествуваат на изложба, повикот е отворен

Оваа недела, на 22 мај, во хотелот Белви во Скопје, со почеток од 10:00 часот, сите кучиња кои не се расни, а имаат микрочип и пасош за миленици и не боледуваат од некоја заразна болест, ќе имаат можност да учествуваат на изложба. Ќе има различни фан категории во кои секој сопственик може да го пријави своето куче за најубаво стилизирано...

Во Србија поставени рециклирачки машини кои во замена за пластични шишиња испуштаат храна за кучиња бездомници

Хуманитарната организација „28 ЈУН“ вчера во општината Стари Град во Белград, Србија постави двe рециклирачки машини кои откако ќе примат пластично шише за рециклирање испуштаат храна наменета за кучиња бездомници. Се работи за рециклирачки кутии со големина на банкомат се напојуваат со струја преку соларни панели поставени на нивниот горен дел што значи дека нивната работа е овозможена преку енергија...

Шест месеци од отворањето, ЈП Лајка заловила 399 кучиња во Скопје

Од отворањето на новото Јавно претпријатие за благосостојба на животни скитници - Лајка на 14 октомври минатата година, па досега, заловени се вкупно 399 бездомни кучиња. Ова го соопшти претпријатието по повод шест месеци од отворањето. „Вратени на локација се 223 кучиња, извршени се 184 стерилизации, 160 се кастрирани, 74 вдомени, 20 се вратени на сопствениците. Додека пак, еутанизирани се...

Лани 646 граѓани пријавиле каснување од бездомно куче, „Лајка“ заловила околу 150 кучиња

Минатата година пораснал бројот на пријави до полицијата за каснување од бездомни кучиња на територијата на Град Скопје, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи. Лани, пријавени се 646 случаи по горенаведениот основ и имајќи ја предвид ситуацијата со полицискиот час и карантинот на почетокот на пандемијата со корона вирусот, сепак нема намалување на бројот на каснување од бездомни кучиња....

Зана Шехи: Да бидеме гласот на безгласните, животните не можат да ги изразат нивните потреби

„Ние треба да сме гласот на безгласните“, вели Зана Шехи, активистка за правата на животните која живее во Скопје. Зана, уште од мала возраст покажала грижа за животните во улица. Во интервју за Порталб.мк таа изјави дека како мала не можела да замисли колку е голем проблемот со животните скитници. Но, кога пораснала, се информирала за ова прашање и...

Вработени од ЈП „Лајка“ ќе проверуваат дали вдомувачите соодветно ги чуваат кучињата

Се подготвуваат првите групи на кучиња во одделот за вдомување, кој ќе биде отворен наскоро за граѓаните. Исто така, наскоро ќе биде активна и веб страната на која на граѓаните ќе им бидат достапни сите информации поврзани со прифатилиштето на ЈП „Лајка“, можностите за вдомување, волонтирање и отворените денови за граѓаните, изјавија за „Мета.мк“ од ова јавно претпријатие. „Секој граѓанин...

Во октомври 62 граѓани пријавиле каснување од куче, во „Лајка“ за еден месец згрижени 23 бездомни кучиња

Измина еден месец од отворањето на новото јавно претпријатие за згрижување на бездомни животни „Лајка“, од каде што соопштија дека досега во прифатилиштето се згрижени 23 бездомни кучиња од улиците на град Скопје. „Дел од нив се заловени од нашите тимови по пријава на граѓани дека се агресивни, а дел од кучињата се донесени од граѓани на кои што неизмерно...

По година и пол од најавата, отворен новиот стационар за бездомни кучиња „Лајка“ (галерија)

Лајка не е само објект, Лајка не е само ова што го гледате. Лајка е еден посебен концепт на третманот на бездомните животни. Ова официјално значи историја за поранешниот стационар или концепт Вардариште. Со овие зборови градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов официјално го отвори стационарот „Лајка“ по скоро година и пол најави. „Капацитетот на објектот е околу 100 кучиња....

Во Скопје од јануари досега 446 пријави за каснување од куче

Од почетокот на годината до крајот на месец август, Mинистерството за внатрешни работи регистрирало 446 пријави за каснување од куче. „Мета.мк“ и претходно пишуваше за бездомните кучиња и пријавите за каснување од истите. Во јуни, тогашните податоци покажаа 310 пријави по овој основ за првите пет месеци од годината. Што значи, за два месеци евидентирани се нови 136 случаи. Статистиката што...

Во Скопје и Охрид најмногу пријави за каснување од куче во последните 4 години

На територија на државата во последните четири години, најмногу пријави за каснување од куче имало во Скопје. До Секторот за внатрешни работи во Скопје пристигнале 1.454 пријави, за кое претходно пишуваше Мета.мк. Но ова е проблем со кој се соочуваат и граѓаните од останатите места во државата. Пријави за каснување од куче евидентирани се и во другите сектори на Министерството...

Во последните 4 години, 1.454 граѓани пријавиле каснување од куче, обесштетувањето достигнува и до 2.000 евра

Во периодот 2017-2020 година на територија на Град Скопје, вкупно 1.454 граѓани пријавиле каснување од куче во Министерството за внатрешни работи. Најмногу од нив се однесуваат на минатата година, кога се евидентирани 618 пријави. За првите пет месеци од годинава, МВР регистрирало 310 пријави по овој основ. Секој граѓанин кој што ќе биде нападнат или каснат од бездомно куче има...

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа...