четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: бездомни кучиња | 33 резултати

ЈП Лајка: Скопските општини не плаќаат за да се заловуваат уличните кучиња

1 јули 2024

Проблемот со бездомните кучиња за кој сè почесто се говори не може да се надмине без системско решение, а законот со кој треба да се регулира несовесното сопствеништво и граѓаните што фрлаат миленици, повеќе од четири години е во процедура за донесување, реагира ЈП Лајка. Оттаму додаваат дека јавната свест за вдомување бездомни кучиња во […]

Кампања за вдомување кучиња – „ајде да ја испразниме Лајка“

13 мај 2024

Миа, Нестор, Росалита, Симба, Венко, Бетси, Чип, Чендлер, се само дел од 40-те кучиња кои веќе подолг период се наоѓаат во ЈП „Лајка“. Претпријатието започна кампања со цел да се испразни стационарот и да се вдомат овие кучиња кои најчесто биле одминувани, малтретирани или пак напуштени од газдите. „Имаме повеќе од 40 кучиња, секое уникатно […]

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

28 март 2024

Сопствениците на кучиња и мачки ќе бидат должни да ги стерилизираат своите миленици, освен во случај ако се регистрирани како одгледувачи или одгледувачници. Регистрираните одгледувачи и одгледувачници ќе бидат должни да го пријават потомството од своите животни во овластена ветеринарна амбуланта најдоцна 30 дена по раѓањето и да ги регистрираат животните според Законот за идентификација […]

Уличните кучиња и локалните власти – многу пари за отштети на граѓани, малку активности на терен

22 декември 2023

Бројот на бездомни кучиња во општините се зголемува, но се зголемува и бројот на каснати граѓани кои бараат отштета од надлежните институции (општините, јавните претпријатија, операторите). Некои општини издвојуваат десетици илјади евра за судски трошоци и отштети. Наместо да се занимаваат со последиците, локалните власти мора поактивно и поангажирано да ги користат општинските пари и […]

„Ако имаш место во срцето, имаш и во домот“ – кампања на „Лајка“ за посвојување бездомни кучиња

22 септември 2023

Јавното претпријатие „Лајка“ го објави почетокот на кампањата за промоција на посвојување на кучиња скитници. Кампањата симболично започнува утре, 23 септември, Интернационалниот ден на вдомените кучиња. Кампањата се води под мотото „Ако имаш место во срцето, имаш и во домот“, а целта е да се зголеми стапката на посвоени кучиња, но и да се подигне […]

Рекордна бројка за вдомување кучиња од прифатилиштето „Лајка“ на отворениот ден за граѓаните

12 јуни 2023

Рекордни 20 апликации за вдомување бездомни кучиња од ЈП „Лајка“ добило претпријатието на отворениот ден за вдомување, што се одржа во саботата. Од ЈП „Лајка“ им се заблагодарија на сите граѓани, активисти и здруженија кои ги посетиле и со кои имале можност да поразговараат како може да ја подобрат работата и вдомувањето на кучињата. На […]

За три месеци во Тетово ќе има прифатилиште за кучињата скитници, најави Касами

22 мај 2023

За не подолго од три месеци се очекува Тетово да добие прифатилиште за кучињата скитници, најави градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, запрашан за овој хроничен долгогодишен и сè уште нерешен проблем во Тетово, град во кој кучињата скитници ги има насекаде, а голем е и бројот на напади и каснувања, пишува Порталб.мк. Според Касами, […]

„Шорткат“ ја носи приказната за тројца млади што ја изработија апликацијата „Најди Аптека“

16 март 2023

Во вечерашната епизода на „Шорткат“ ја третираме приказната за тројца млади таленти што ја изработија веб-апликацијата „Најди Аптека“, која на граѓаните може да им заштеди време и пари при пребарувањето лекови во аптеките. Во 77-тото издание на вестите за млади информираме за барањето на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) да се намали […]

Од понеделник „Лајка“ ќе ги заловува бездомните кучиња во Аеродром

11 март 2023

Од понеделник заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром, известуваат од јвното претпријатие. Тимот заловувачи во текот на целата следна недела ќе заловува во општината во следните реони: Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. „Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое […]

Со огнено оружје во Карпош убиенo e маалското куче Тоби

27 февруари 2023

Во скопската населба Карпош, кај Млечниот ресторан, утринава со огнено оружје бил убиен маалскиот миленик Тоби, за кој долго време се грижеле жителите. Според сведоштвата на активистите и лицата кои го пријавиле случајот, кучето било застрелано помеѓу 8:30 и 9 часот утринава. Убиството го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 27.02.2023 во […]

Груев: Има епидемија на заразна болест штенечак кај кучињата, сопствениците да внимаваат на своите миленици

26 февруари 2023

Сопствениците на домашни миленици периодов треба да избегнуваат групирање на повеќе кучиња со непознат вакцинален статус и секако, сега, додека трае ова, да ги намалат прошетките колку што е можно повеќе по парковите и по местата каде што циркулираат повеќе улични кучиња. Сепак, најважно сите сопственици да проверат дали нивниот миленик е со активна вакцина против штенечак.

Жител од струшко се сомничи дека со пушка убил седум кучиња, бил повикан на разговор во полиција

11 јануари 2023

Жител од струшкото село Ливада со иницијали М.З. (62) од струшкото село Ливада вчера бил повикан на службен разговор во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој се сомничи дека во рок од половина час (од 6:45 до 7:15 часот) вчера, 10.01.2023 г. со својата пушка усмртил седум кучиња скитници. […]

Епидемија на заразна болест кај кучињата во „Лајка“, 30 дена нема да се заловуваат нови

26 декември 2022

Јавното претпријатие „Лајка“ во наредните 30 дена нема да заловува бездомни кучиња од скопските улици освен оние кои се пријавени за агресивни или кои каснале граѓани, соопштија од „Лајка“. Оваа одлука е донесена откако на почетокот на декември била констатирана појава на инфективна болест штенечак – кучешка чума кај пет заловени кучиња.   „Станува збор за […]

Струга полна со кучиња-скитници, вакцини за каснатите нема, надлежните без решение

16 октомври 2022

Иако кучињата-скитници го загрозуваат движењето и безбедноста на граѓаните во општина Струга, надлежните органи со години не успеваат да најдат решение за овој проблем. Луѓето каснати од кучињата-скитници по лекувањето во Струшката болница принудени се да одат на вакцинација во Охрид. Локалните власти во Струга велат дека се обидуваат да најдат решение, но дека тоа […]

Бања Лука прва во регионот доби полиција за кучиња

25 август 2022

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ на својот официјален профил на Фејсбук објави дека Бања Лука добила полиција за кучиња, која е прва од ваков вид во поширокиот регион. Според Станивуковиќ, целта на оваа служба е да се обезбеди подобра безбедност за граѓаните, почитување на обврските на сопствениците на кучиња, но и контрола на условите […]

Јавна трибина: „Напуштените кучиња – закана за дивиот свет“ во МКЦ

25 август 2022

Трибина на која ќе се говори за заканата за дивиот свет што ја предизвикуваат напуштените кучиња во руралните средини ќе се одржи на 29 август, понеделник со почеток во 9:30 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ), во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД). „Често гледаме оставени кучиња на планински превои како Ѓавато, Буково, Маврово и […]

Порталб: Проблемот со кучињата скитници во општина Тетово не може целосно да биде решен годинава

9 август 2022

Проблемот со кучињата скитници во Тетово и Тетовско годинава нема целосно да се реши. Договорот на Општина Тетово со „Амос Пет“, здружението избрано да се справува со овој проблем предвидува за 12 месеци да се третираат само 82 кучиња спасени од улица, што е околу 20 отсто од вкупниот број кучиња кои талкаат наоколу низ […]

Последниот училиштен ден за основците од Сарај заврши исполнет со љубов и емпатија кон животните и луѓето [Галерија]

10 јуни 2022

Основците од скопската Општина Сарај последниот училиштен ден го поминаа на несекојдневен начин. Околу 20 ученици од Долно Свиларе наместо вообичаените прослави за успешниот крај на учебната година имаа забавен ден исполнет со дружба и игра близу скопскиот аквадукт во прифатилиштето за бездомни кучиња Хепи Шелтер. Во организација на Здружението на граѓани Нексус граѓански концепт […]

Во недела нерасните кучиња ќе имаат можност да учествуваат на изложба, повикот е отворен

17 мај 2022

Оваа недела, на 22 мај, во хотелот Белви во Скопје, со почеток од 10:00 часот, сите кучиња кои не се расни, а имаат микрочип и пасош за миленици и не боледуваат од некоја заразна болест, ќе имаат можност да учествуваат на изложба. Ќе има различни фан категории во кои секој сопственик може да го пријави […]

Во Србија поставени рециклирачки машини кои во замена за пластични шишиња испуштаат храна за кучиња бездомници

29 декември 2021

Хуманитарната организација „28 ЈУН“ вчера во општината Стари Град во Белград, Србија постави двe рециклирачки машини кои откако ќе примат пластично шише за рециклирање испуштаат храна наменета за кучиња бездомници. Се работи за рециклирачки кутии со големина на банкомат се напојуваат со струја преку соларни панели поставени на нивниот горен дел што значи дека нивната […]

Страна 1 од 2