fbpx
Таг: автомобил

таг: автомобил

Запален автомобилот на директорот на затворот во Прилеп

Синоќа, засега непознати сторители се обиделе да го запалат автомобилот „дачија логан“ на директорот на затворот во Прилеп. Возилото, инаку, е сопственост на затворот. Кога видел дека возилото гори, директорот успеал да го изгасне пожарот, а од пламенот се оштетени хаубата и левата гума.

Во сообраќајка загина 38-годишен тетовец

Триесет и осумгодишен жител на Тетово загина денеска на стариот пат Тетово - Скопје, кај Добарскиот подвозник. Сообраќајката се случила околу пладне, кога возачот на автомобил марка „хјундаи“ со тетовски регистарски таблички, загубил контрола, по што возилото удрило во бетонски столб под подвозникот и се превртело. Во сообраќајката повреден е и 31-годишен жител на Тетово кој го управувал возилото. Тој добил тешки телесни...

Запален автомобил на скопјанец во населбата Шуто Оризари

Непознат сторител синоќа, околу 20 часот, подметнал пожар во автомобил, марка „фолксваген голф 4“, кој бил паркиран на улицата Виетнамска во Скопје, информираат од полицијата. Од пожарот била зафатена десната страна на возилото. Екипа на скопската противпожарна бригада веднаш интервенирала на местото и го изгаснала пожарот. Увид бил извршен од екипа на Секторот за внатреши работи Скопје, кој презема мерки за...

„Форд фиеста“ е најпродавано возило во Македонија и во Европа

„Форд фиеста“ е најпродавано мало возило во Македонија и во Европа за 2015 година. На македонскиот пазар, „форд фиеста“ има удел кој надминува 20 проценти во вкупната продажба на возила во Б-сегментот за минатата година. Овој автомобил и во Европа е на првата позиција веќе четврта година по ред, благодарение на значајните надградувања на изгледот и на функционалноста на возилото. Статистиките покажуваат дека во 2015 година, граѓаните...

Во сообраќајка кај Лозово тешко е повредено двегодишно дете

Вчера, на магистралниот пат во близина на Лозово, се случила сообраќајна несреќа при што повредено е двегодишно дете. „Околу 12.30 часот, на магистралниот пат во близина на Лозово, во правец од Велес кон Штип, се случила сообраќајна незгода во која Ч.Ц. (72) од Скопје, управувајќи автомобил марка „тојота јарис“ со скопски регистерски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Во...

Во два автомобили пронајдени 17 мигранти

Вчера полицајци од полициската станица Неготино запреле автомобил марка „матиз“ со велешки регистарски таблички, во кој освен возачот М.Ѓ. (32) пронашле и пет мигранти кои потоа ги спровеле во Прифатниот центар за странци во Скопје. Во друг случај, на авотопатот во близина кај село Смоквица, полицијата запрела автомобил марка „рено“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле пронајдени 12 мигранти...

Во автомобил откриени осум мигранти од Иран, полицијата трага по возачот

Вчера полицијата регистрирала нов случај на шверц на мигранти, откако при контрола на автомобил открила осум државјани на Иран, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, вчераноќ, околу 1 часот, на автопатот Гевгелија - Скопје, кај бензинската пумпа во Демир Капија, полициски службеници се обиделе да запрат возило, марка „мазда 323“, кое не застанало. Полицајците веднаш тргнале по...

Жител на Никуштак осомничен за шверц на петмина мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против 23-годишниот Л.С. од селото Никуштак, кој се товари за криумчарење мигранти, информира МВР. Според МВР, вчера околу 6.50 часот, на регионалниот пат Дојран - Струмица, во близина на бензинска пумпа, полициска екипа запрела автомобил, марка „фолксваген пасат“, што го управувал осомничениот, а во кој биле откриени петмина илегални мигранти од...

Еден загинат и четворица тешко повредени во сообраќајна незгода во Куманово

Едно лице го загубило животот, а четири биле тешко повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1 часот се случила на булеварот Трета македонска ударна бригада, во Куманово. Како што информираат од полицијата, сообраќајната несреќа се случила кога автомобил, марка „субару импреза“, што го управувал Роби П.(40) од Куманово, излетал од патот и удрил во бетонски ѕид. Од здобиените...

Полицијата трага по малолетничка, грабната од улица во Скопје

Вчеравечер, околу 18.30 часот, во Скопје, на улицата Индира Ганди, лице со иницијали Џ.М. заедно со уште две непознати лица насилно внеле 14-годишно девојче во автомобил, марка „мерцедес“, и заминале во непознат правец, соопшти полицијата. По преземените мерки, полицијата го пронашла „мерцедесот“ и ги привела С.А. (42) и Ш.М. (21), додека по Џ.М. и по девојчето сè уште се трага.

67-годишен пешак прегазен на улица во Чаир

Шеесет и седумгодишен жител на велешкото село Кочилари го загубил животот во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на улицата Кемал Сејфула во скопската населба Чаир, сооошти денеска полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајната несреќа се случила околу 6.50 часот, кога автомобил, марка „опел астра“, што го управувал 34-годишниот Ќ.К., удрил во Иса К. (67), кој се движел пеш. Тој со...

Во сообраќајка кај гостиварското село Неготино едно лице го загуби животот

Во сообраќајна несреќа, загина 56-годишен жител од гостиварското село Неготино. Несреќата се случила попладнево, на излезот од Гостивар, во близина на Здуњски мост. Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, се судриле автомобил марка „бе-ем-ве“ со гостиварски регистарски таблички и камион со приколка со тетовски таблички. Од ударот, на местото на несреќата починал возачот на автомобилот, а 36-годишниот жител на Тетово,...

Битолчанец доживеал потрес на мозокот по сообраќајка со бугарски дипломат

Политрауми на главата и фрактура на потколеницата, се последиците кај битолчанецот роден 1929 година, кој синоќа бил прегазен од автомобил на бугарскиот конзулат во Битола. Со возилото управувал Бугарин со дипломатски пасош. Според портпаролката на битолската клиничка болница, Јагода Стојановска, пацинетот е хоспитализиран на одделот на неврохирургија со тешки телесни повреди, но надвор од животна опасност. - Заради повредите на главата...

Осум години од смртта на Тоше Проески

Големиот македонски пејач Тоше Проески, пред осум години, токму на 16 октомври, загина во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години. Во моментот на несреќата, Тоше се наоѓал на совозачкото седиште во возилото „фолксваген туарег“, кој со голема брзина удрил во приколката на камионот пред него и потоа...

76-годишен пешак загина на крстосница во Скопје

Седумдесет и шестгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна незгода што утрово, околу 6.20 часот, се случила на крстосницата на улиците Ѓорче Петров и Мајски манифест, соопшти полицијата. Како што информираат од полицијата, Благоја Н. (76), кој се движел пеш, настрадал откако во него удрило возило, марка „фиат дукато“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот А.Ј. Од сериозноста на повредите, пешакот...

Пронајдена бомба под автомобил во скопски Капиштец

Најдена е бомба поставена на тркало на автомобил во скопската населба Капиштец, информираат од МВР. Полицијата соопшти дека експлозивната направа е дадена на вештачење. Сега полицијата работи на утврдување на намерите на поставувачот на бомбата и на откривање на неговиот индентитет. Полицијата соопшти дека утрово во 8.50 часот било пријавено дека под автомобил „сеат ибица“ паркиран на улица Васил Ѓоргов во Капиштец,...

Пукале во автомобил, а потоа на возачот му нанеле тешки телесни повреди

На 18 септември 2015 година, во 19.30 часот, во Скопје, на локалниот пат помеѓу селата Свиларе и Рашче, додека се движел со својот автомобил, Г.С. бил пресретнат од две засега непознати маскирани лица, кои со неколку проектили од автоматско оружје го погодиле возилото. Потоа пришле кон возилото и со тврд предмет му нанеле телесна повреда во пределот на главата. На Г.С. му била...

Автомобил прегазил пешак на патот Кичево-Македонски Брод

Вчера, околу 11.20 часот, на регионалниот пат Кичево - Македонски Брод, се случила сообраќајна незгода помеѓу „цитроен берлинго“ со кичевски регистерски ознаки, управувано од И.Н.(44), и велосипед управуван од Насуф Н. (74) од Кичево. Во незгодата, тешки  телесни повреди добил велосипедистот, кој со возило на брза помош бил пренесен во болницата во Кичево, каде им подлегнал на повредите. На местото на...

Изнајмил „ферари“ и „заборавил“ да го врати

Компанија од Швајцарија поднесе кривична пријава против Т.Ц. (25) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнеж дека сторил кривично дело „затајување“. Имено, на 31 јули 2015 година, пријавениот од компанија во Швајцарија за користење изнајмил автомобил „ферари“ и склучил договор за изнајмување на возилото од 31 јули до 10 август 2015 година. Според договорот, возилото требало да го управува на територијата на Австрија, Швајцарија и на Германија, но...

Автомобил со кумановски таблички оштетен во Паралија

Во местото Паралија било оштетено патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето Д.С., јавува Министерството за внатрешни работи. Табличките на сопственикот на возилото му биле испрскани со црн спреј во делот на ознаката „МК“, како и дел од предниот и од задниот браник покрај табличките при што е прекриена ознаката „МК“. Инаку, како што информира МВР, изминатиов период, граничната...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...