fbpx

Во сообраќајка кај Лозово тешко е повредено двегодишно дете

-

Вчера, на магистралниот пат во близина на Лозово, се случила сообраќајна несреќа при што повредено е двегодишно дете.

„Околу 12.30 часот, на магистралниот пат во близина на Лозово, во правец од Велес кон Штип, се случила сообраќајна незгода во која Ч.Ц. (72) од Скопје, управувајќи автомобил марка „тојота јарис“ со скопски регистерски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Во незгодата, тешки телесни повреди добило дете сопатник на возраст од две години. Детето по укажаната лекарска помош во Клиничкиот центар во Штип префрлено е во Ургентниот центар во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица од Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...