Таг: автомобил

таг: автомобил

Опожарен автомобил на штипјанец

Во СВР Штип ноќеска, околу 1.40 часот, било пријавено дека на улицата Дузлачки рид е опожарен автомобил, сопственост на жител на градот. Како што информираат од полицијата, станува збор за автомобил марка „пежо 206“, сопственост на Л.Д. (64). Полицијата работи на утврдување на причините за пожарот и на расчистување на настанот.

Момчето и девојката во Припор починале од труење со јаглерод моноксид

Момчето и девојката што вчера попладне беа пронајдени мртви во автомобил во гаража на улицата Христо Татарчев во Скопје, најверојанто починале од труење од издувните гасови на возилото, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски, пренесува „24 Вести“. - Со оглед на фактот дека автомобилот бил вклучен, односно работел моторот, а гаражата била затворена, најверојатно причина за смртта е труење од издувните...

Момче и девојка пронајдени мртви во гаража во Припор

Момче и девојка на возраст од 23 години, вчера доцна попладне биле пронајдени мртви во паркирано возило во гаража, во скопската населба Припор, пренесуваат медиумите. Нивните безживотни тела биле најдени во автомобил „опел корса“, во гаража на улицата Христо Татарчев, а според привичните неофицијални информации, причина за смртта најверојатно е труење од издувните гасови од возилото. Надлежните органи синоќа извршиле увид...

Двајца Македонци во обид да срушат Гинисов рекорд

В сабота, 13 декември 2014 година, во салата во Спортски центар „Форца“, двајца Македонци ќе бидат во 24-часовна „потера“ по нов Гинисов рекорд! Александар Чекоров и Александар Смилков ќе се обидат да го срушат Гинисовиот рекорд за најголема далечина помината со туркање кола за 24 часа во тим од двајца. Моменталниот рекорд е 82,4 километри, кој Чекоров и Смилков ќе се обидат да...

Двајца разбојници му го украле возилото на кавадаречки таксист

Двајца разбојници вчера во Прилеп нападнале такси-возач и, заканувајќи му се со нож, му го украле возилото, информираат од МВР. Според полицијата, настанот се случил околу 22.30 часот, кога двајцата патници физички го нападнале такси-возачот А.К. (29), кој ги превезувал од Кавадарци до Прилеп, и заканувајќи му се со нож, насила го исфрлиле од возилото, марка „шкода“, а потоа со...

Опожарен автомобилот на судијката Габриела Гајдова

Автомобилот на судијката од велешкиот суд, Габриела Гајдова, изгорел вчеравечер околу 21 часот, а причините за пожарот сè уште не се познати. Автомобилот на судијката бил паркиран пред семејната куќа, а кога избувнал пожарот, таа и нејзиното семејство не биле дома. За инцидентот биле информирани од соседите. Огнот не се проширил на резервоарот со бензин, но целосно се уништени моторот и...

Полицијата го исмејала на „Твитер“

Ванкуверската полиција има смисла за хумор, барем одвреме-навреме, пишува „Глоуб анд мејл“. Полицијата на својот профил на „Твитер“ неделава објави две фотографии кои прикажуваат „ламборџини хуракан“ модел за 2015 година, фатен за пребрзо возење, поради што е натоварен на камион. Очигледно дека пишувањето казна за возачот и поставувањето на фотографијата на социјалната мрежа не било доволно за полицијата, па тие истовремено ставиле...

Нова хибридна серија на „Бе-Ем-Ве“

„Бе-Ем-Ве“ ја најави новата серја 3 со хибридна технологија. Овој гигант за автомобили ја промовира технологијата „пауер е-драјв“ (Power eDrive). Со овој прототип е оставена можност за продолжување на времето што хибридните возила можат да го поминат во електричен режим на возење. Овој тип има значително посилен електромотор во споредба со сегашните модели и батерии со двојно поголем капацитет. Тоа треба да придонесе...

Откриени четворица илегални мигранти

Полициски службеници, вчера, при контрола на локалниот пат меѓу кумановските села Слупчане и Ваксинце, во автомобил со тетовски регистарски ознаки, откриле четворица сиријски државјани, кои нелегално престојувале во земјава. Како што информираат од полицијата, мигрантите, кои биле на возраст од 24 до 38 години, ги превезувал И.У. (55). По расчистувањето на случајот, против возачот ќе биде поднесена пријава, а мигрантите ќе...

Автомобил излета во Дунав, од шестмина патници, тројца спасени

Три лица ги загубиле животите, а три се извлечени од реката Дунав во Белград, денеска, рано наутро, кога автомобил, марка „бмв 325“ излетал и паднал во реката, во близина на ресторан кај Ада Хуја, пренесуваат српските медиуми. Спасувачките тимови ги извлекле телата на една девојка и на едно момче, додека еден од настраданите, според неофицијални информации, во моментот на несреќата...

Арабијките конечно ќе смеат да возат автомобил

Советодавното собрание на Саудиска Арабија, кое го именува кралот, ѝ предложи на владата да ја укине забраната со која на жените не им беше дозволено да управуваат со автомобил. Сепак, во препораката се нотирани услови со кои се сугерира ова олеснување да не важи за жени помлади од 30 години, да не возат по осум часот навечер и да не...

Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Градско, 11 годишно момче во критична состојба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место на експресниот пат Прилеп-Градско каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил Фолксваген поло со...