fbpx

Еден загинат и четворица тешко повредени во сообраќајна незгода во Куманово

-

Едно лице го загубило животот, а четири биле тешко повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1 часот се случила на булеварот Трета македонска ударна бригада, во Куманово.

Како што информираат од полицијата, сообраќајната несреќа се случила кога автомобил, марка „субару импреза“, што го управувал Роби П.(40) од Куманово, излетал од патот и удрил во бетонски ѕид. Од здобиените повреди при ударот, Роби П. починал на самото место.

Со тешките телесни повреди се здобиле неговите сопатници Ц.В.(40), М.М.(39), И.Т.(28), и И.Б.(31), сите од Куманово, на кои била укажана лекарска помош во кумановската општа болница. На натамошно лекување во болницата се задржани Ц.В. и М.М., додека И.Т. и И.Б. поради серизноста на повредите се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Јавен обвинител и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи извршиле увид на местото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...