сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: апсења | 57 резултати

Превентивни апсења во Франција поради страв од терористички напади

декември 22, 2016

Француската полиција спроведува „превентивни апсења“ и поставува бетонски бариери на божиќните базари, стравувајќи од терористички напади во земјата, слични на неодамнешниот напад во Берлин. Портпаролот на француската влада рече дека се контактирани божиќните базари за да се спроведат сите безбедносни мерки, вклучувајќи проверка на багаж. Во Франција во напади на исламистите во изминатите две години […]

Европската Унија ѝ порача на Турција да си ја заштити демократијата

ноември 8, 2016

Европската Унија денеска оцени дека загрижува неодамнешниот развој на случувањата во Турција и ја повика оваа држава да продолжи со политичкиот диjалог со опозицијата и да ја заштити својата демократија. Во соопштението на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини се вели дека иако државите членки на ЕУ ја препознаа потребата Турција […]

Oбвинителството го потврди координираниот лов на терористи со Албанија и со Косово

ноември 8, 2016

Координирана антитерористичка операција деновиве е спроведена во Албанија, Македонија и во Косово за апсење на лица, осомничени за регрутирање борци за Исламска држава од Балканот. Според информациите што вчера ги објавија албанските и косовските медиуми, осомничените, наводно, планирале и терористички акции на Балканот. Од Јавното обвинителство за „Мета“ го потврдија учеството на македонските власти во […]

ЕУ загрижена поради апсењата на курдските пратеници во Турција

ноември 4, 2016

Европската Унија е длабоко загрижена поради апсењето лидери и пратеници на прокурдската Народна демократска партија (НДП) во Турција и по тој повод контактирала со Анкара, изјави високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. Могерини на „Твитер“ објави дека Унијата контактирала со турските власти и оти е повикан на состанок амбасадорот […]

Разбиена банда крадци на луксузни возила во акција на Европол

септември 15, 2016

Европската полиција (Европол) денеска соопшти дека разбила меѓународна организирана криминална група, чии членови се осомничени за кражби и за препродавање на луксузни автомобили во Европа и во Северна Африка. Полициите на Италија, Шпанија и на Белгија извршиле 28 апсења и претреси на 29 локации во Италија и во Шпанија, соопшти Европол. Според информациите, водачите на криминалната […]

Издадени налози за апсење на 42 новинари во Турција

јули 25, 2016

Турските власти издале налози за апсење на 42 новинари, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации на турската приватна телевизија НТВ. Според информациите, станува збор за последен случај на апсења по неуспешниот обид за државен удар во земјата пред десет дена. На листата на новинари за кои се издадени налози за апсење, според НТВ, се […]

Уапсени 10 лица во Бразил кои планирале напад за време на Олимписките игри

јули 21, 2016

Бразилската полиција уапсила 10 лица осомничени дека подготвувале терористички напади за време на Олимписките игри, кои на 5 август треба да почнат во Рио де Женеиро, јавуваат светските медиуми. Според бразилските власти, осомничените не биле членови на Исламска држава, но се обиделе да стапат во контакт со терористичката група. Од министерството за правда соопштиле дека […]

Во Турција уапсени двајца уставни судии

јули 21, 2016

Двајца членови на Уставниот суд на Турција се уапсени и задржани на распит во акцијата на турските власти по минатонеделниот обид за државен удар, јави денеска приватната телевизија НТВ. Досега, околу 60.000 воени лица, полицајци, судии, државни службеници, професори и наставници се суспендирани или отпуштени, а некои од нив се уапсени и се под истрага. […]

Уапсени четири лица поврзани со нападот во Ница

јули 16, 2016

Уапсени се четири лица за кои постојат сомневања дека имаат врска со Мохамед Булел, кој во Ница усмрти 84 лица. Француската полиција и на почетокот на викендот врши рации низ целата земја во обидот да пронајде нови докази во врска со нападот што се случи во четвртокот. Мохамед Булел е идентификуван како вршител на нападот и […]

Нови апсења во Турција поради нападите на аеродромот „Ататурк“

јули 11, 2016

Турската полиција уапси и поднесе обвинение против нови седум лица осомничени во врска со нападите на аеродромот во Истанбул, во кој беа убиени 47 луѓе, јавуваат турските агенции. Со ова, вкупниот број на обвинети лица поврзани со овој напад се искачи на 37. Според властите, се работи за 22 странци и за 15 Турци кои […]

Обвиненија за 13 осомничени за нападот во Истанбул

јули 4, 2016

Турските власти поднесоа обвиненија против 13 лица поради сомневање дека се вмешани во самоубиствениот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. Десет од осомничените, како што јавуваат турските медиуми, се државјани на Турција. Осомничените се наоѓаат во полициски притвор и се товарат дека припаѓаат на терористичка организација, како и за убиство и за загрозување на единството на […]

Уапсени 28 лица во Турција поради наводна поврзаност со имамот Ѓулен

јуни 25, 2016

Турската полиција денеска, во опсежна акција, уапсила 28 лица во неколку градови во земјата, обвинети за поврзаност со имамот во егзил, Фатулах Ѓулен, кој му е противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавуваат турските медиуми. Според информациите, рации биле изведени во Истанбул и во неколу градови во Анадолија, во централниот дел на Турција. Уапсените, како […]

Нови апсења на шверцери на бегалци во Грција

јуни 22, 2016

Тројца Бугари и еден Словенец се уапсени во Грција поради обид за нелегално пренесување бегалци и мигранти преку грчко-македонската граница. Вчера грчката полиција во близина на Кукуш откри комби со 25 бегалци од Авганистан, Пакистан и од Сирија, кое се движело во насока на македонската граница. Бегалците биле откриени при рутинска проверка на возилата. Возачот […]

Уапсени 135 лица во Кина поради шверц на вакцини

мај 21, 2016

Кинеските власти уапсиле 135 лица во 22 провинции поради илегална трговија со вакцини, јавуваат светските агенции. Државното обвинителство на Кина вчера објавило соопштение во кое било наведено дека е издаден налог за апсење на 125 лица, кои без дозвола тргувале со вакцини. Поради несовесно извршување на должноста биле уапсени уште 10 здравствени работници. Во соопштението […]

Уште еден член на Левица повикан на информативен разговор

мај 9, 2016

Мариглен Демири, член на президиумот на Левица, денеска е повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, поради неговото учество во протестите и демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Од Левица информираат дека по тој повод, денеска, во 13 часот, ќе одржат прес-конференција пред ОЈО. – Потсетуваме и дека по претходните приведувања и […]

Уапсени милитанти во Белгија и во Франција

март 25, 2016

Белгиската полиција синоќа уапсила шест лица во рамки на истрагата за терористичките напади во Брисел, соопшти канцеларијата на федералното белгиско обвинителство. Одлуката за подигнување обвиненија против осомничените ќе биде донесена денеска. Нивото на антитерористичката готовност во Белгија е подигната на максимално ниво, еден час по нападите, а намалена е синоќа на трето ниво. Белгискиот министер […]

Спасовски: Без сензационализам во постапките

февруари 16, 2016

На Република Македонија и на МВР не им се потребни сензационализми, изјави министерот за внатрешни работи во техничката влада Оливер Спасовски, најавувајќи нова практика во МВР на апсења без камери. – Сензацијата е нешто што прави добар „пи-ар“, но прашање е колку има добар ефект. Најдобро е да имаме правилни и темелни истраги, да ги […]

Нови апсења во Брисел

декември 24, 2015

Бриселската полиција почна нови акции на апсења во рамки на истрагата за нападите од 13 ноември во Париз и во Сен Дени, соопшти денеска главното обвинителство на Белгија. Едно лице е уапсено неделава, но обвинителството не откри повеќе детали за да не ги предупреди соучесниците. Повеќе детали ќе бидат откриени во текот на денот. Во понеделникот […]

Белгија: Уапсени две лица осомничени за нападите во Париз

декември 3, 2015

Белгиските власти соопштија дека уапсиле двајца осомничени за терористичките напади во Париз. Претставник, кој побарал да остане анонимен, бидејќи се подготвува официјално соопштение, изјавил дека едно од лицата е приведено на националниот аеродром во Брисел, додека се обидувало да се качи во авион за Мароко. Според наводите на претставникот, уапсениот веќе двапати се обидувал да […]

Нови апсења на претставници на ФИФА во Швајцарија

декември 3, 2015

Швајцарските власти утринава спроведоа уште една серија претреси и апсења во рамки на истрагата за корупција во Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), а според првичните информации, уапсени се барем уште двајца претставници на ФИФА. Весникот „Њујорк тајмс“ на својата интернет-страница, повикувајќи се на полициски претставници, објави дека барем неколку лица утринава биле уапсени во истиот хотел […]

Страна 2 од 3