fbpx
Таг: Antidisinfo

таг: Antidisinfo

Antidisinfo.net, нова веб-страница како алатка во борбата против дезинформации

Фондацијата Метаморфозис денеска го најави лансирањето на својата нова веб-страница – Мрежа против дезинформации на Балканот, Antidisinfo.net. Оваа веб-страница е витален ресурс за јавноста, новинарите и креаторите на политики со цел откривање на странското малигно влијание на Западен Балкан преку разоткривање и мапирање на протокот на дезинформации и пропагандата што потекнуваат од надворешните актери низ регионот. „Мрежата против дезинформации на Балканот...

Вистиномер: мРНК вакцините не содржат ГМО и нанотехнологија

Ниедна од вакцините не содржи нанотехнологија, а уште помалку трансхуманизам нанотехнологија. Тоа не ни постои, вели Марк Линас, професор на Корнел Универзитетот за Политифакт. Синди Принс, професорка по епидемиологија на Универзитетот во Флорида тврди дека иако терминот нано се користи за да се наметне дека нанотехнологија се користи за да ја модифицира вашата РНК, тоа е комплетно лажно. „мРНК...

Вистиномер: Не е точно дека во 2021 година смртноста во американската армија се зголемила за 1.100 проценти

Откако во 2021 година се појави ненадеен раст на смртноста и медицински состојби како канцер, Питер Грејвс, портпарол на одделот за набљудување во Агенцијата за здравје на армиските припадници во одделот за одбрана, за Политифакт рече дека откако ги разгледале податоците, утврдиле дека во нив имало грешки во годините од 2016 до 2020. Причината за грешката било тоа што...

Вистиномер: Белата патека од авионите не е составена од боеви отрови

Ова е уште една од серијата објави кои ја шират теоријата на заговор позната како „кемтрејлс“, според која од авиони нè прскаат со отрови.  Притоа за вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се тврди дека се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница....

Вистиномер: Надал не добил ретка болест по вакцинацијата против ковид – дијагнозата ја добил уште во 2005 година

Од повеќе медиумски написи може да се види дека првпат Надал дијагноза Милер-Вајс ја добил уште во 2005 година, кога бил тинејџер. Порталот Тенис, пишува дека самиот Надал кажал дека оваа болест била закана за неговата кариера уште во 2005 година, а се вратила 16 сезони подоцна. Во 2005 немаше вакцини против ковид-19, ниту пак во 2020, година за...

Стојановски: Разни актери се обидуваат да ја поткопаат демократијата со дезинформации

На годинешната конференција „Дисикон - Интегритетот на информациите“, директорот за партнерства и развој на ресурси во Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски зборуваше за странските интервенции во поткопувањето на демократијата, како и за работата на Фондацијата Метаморфозис во борбата против дезинформациите, пишува Порталб.мк. Стојановски потврди дека интегритетот на информациите и изборниот интегритет се меѓусебно поврзани и дека без силно новинарство не може...

Вистиномер: Коронавирусот не се фрла од авиони, а вакцините не предизвикуваат еутаназија и стерилитет

Коронавирусот е респираторен вирус, за првпат се појави на крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан. Научно е докажано дека тој се пренесува преку вдишување на респираторни капки од некој што е заболен, кои се исфрлаат преку кашлање, кивање, зборување и пеење. Така што, невозможно е инфекцијата да се случи со пуштање на вирусот од авион, како што...

Фејсбук ќе го третира негирањето на Холокаустот како забранет говор на омраза

Фејсбук ги менува своите интерни правила со вклучување на негирањето на Холокаустот во дефиницијата на говор на омраза, откако неколку години трпеше критики дека не презема доволно силни мерки за спречување на тој облик на дезинформации. Моника Бикерт, потпретсетаделка на Фејсбук за јавни политики за содржини на 12 октомври објавила блог пост со најава дека платформата ги надградува правилата за...

Вистиномер: Учениците нема да треба целото идно лето да го поминат на училиште

На Фејсбук се појави пост, кој претставува линк до вест со наслов „Учебната година ќе трае до 31 август 2021 година“. Во веста, пак, се вели дека „Владата донесе одлука учебната година да трае до 31 август 2021 година“, пишува Вистиномер во својата нова анализа. Вака како што е објавен овој пост, но и насловена веста, се сугерира дека учениците...

Контраспин: Јанкулоска е „жртва“ на авторитарниот систем на бегалецот Груевски

Случајот „Тенк“ за кој Јанкулоска и Поповски издржуваат казна затвор, а Никола Груевски „храбро“ побегна од земјата, е чист од правен аспект, барем според пресудата што е потврдена во три степена – Основен, Апелација и Врховен суд. Но, ВМРО-ДПМНЕ спинува дека Јанкулоска е жртва на Заев, без да појасни зошто во чист случај не бара отворено и Груевски да...

„Вистиномер“: Нема линк меѓу коронавирусот и прскањето против комарци

На социјалната мрежа Фејсбук се шири објава со која се наведува јавноста на мислење дека нема епидемија на коронавирус, туку во прашање е бактерија која наводно се испушта при авионското прскање против комарци?! Како што пишува „Вистиномер“, станува збор за манипулативен пост од два дела, при што на првиот е прикажана монтирана фотографија, за којашто проверката покажа дека е преземена од Фејсбук...

„Вистиномер“: Не постои Агенда 21/2030, а не пак да се поврзе со ковид-19

Лажна и вистинска фотографија слепени една до друга со содржини за светска конспирација се искористени за испраќање опасни пораки околу пандемијата на корона вирусот што ја предизвикува ковид-19 и од која досега во светот се заразија над 31 милион луѓе, а починаа над еден милион, пренесува „Вистиномер“. Пост објава на Фејсбук со две фотографии, од кои едната вистинска, едната е...

Вистиномер: Земањето брис од носот не може да ја пробие мозочната бариера

На Фејсбук се појави статус со линкувано видео кои дезинформираат, тврдејќи дека тестирањето за Ковид-19 е причина за појава на симптоми кај асимптоматичните лица, објави Вистиномер. Ваквата дезинформација веќе неколку недели кружи на оваа социјална мрежа на разни јазици и веќе е раскринкана од партнерските сервиси за проверка на факти низ светот. Но, таа сега се појави и на...

Девет од десет читатели изложени на лажни вести – НАТО со правила за проверка на вестите

Illustration: Fakenews.rs
Осумдесет и шест отсто од луѓето биле изложени на лажни вести, а девет од десет испитаници на прв поглед поверувале дека веста е точна, покажала анкета во 25 земји спроведена од меѓународната агенција Ипсос. Како дел од подготовките пред можен втор бран на пандемијата на КОВИД-19 на есен, НАТО објави пет совети за откривање лажни вести и дезинформации: - Проверете...

Твитер го затворил профилот на „Моќната грчка армија“ кој се фалеше дека хакирал во македонските министерства

Твитер-профилот со име „Моќна грчка армија“ (@PowerfulArmyGR) е „суспендиран“ односно затворен заради нарушување на правилата за користење на платформата. На 10 мај на тој профил беше објавен линк кон список со наводни адреси и лозинки на вработени во министерствата за финансии и економија на Република Северна Македонија. Владините претставници тврдеа дека се работи за стари податоци и дека истите не се...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...