fbpx
Таг: анкета

таг: анкета

Путин го поддржуваат 84 отсто од Русите

Рускиот центар за истражување на јавното мислење соопшти дека повеќе од 84 отсто од испитаните Руси ја поддржуваат работата на претседателот Владимир Путин, додека тие што се задоволни од премиерот Дмитриј Медведев се нешто повеќе од 53 отсто. Рејтингот на Путин во август изнесуваше 83,5 отсто, а во периодот од 28 август до 3 септември - 84,4 отсто, соопшти еден од...

Германците се најзадоволна нација во Европа, но и студени кон странските стручњаци

Германците се најзадоволнaта нација во Европската Унија – процентот на германски граѓани кои се задоволни од насоката во која се движи земјата е повисока од другите нации, покажува анкетата на фондацијата „Бертелсман“. Истовремено, друго истражување покажа дека голем дел од странските стручњаци што работат во Германија ги сметаат Германците за студени и нељубезни. Според резултатите на анкетата на „Бертелсман“, 59...

ЦИКП: Корупцијата и даноците – дел од факторите за постоење на сива економија

Корупцијата, високиот даночен товар, стремежот на бизнисмените за брзо богатење се фактори што влијаат на постоењето на сива економија. Ова го покажува бизнис-анкетата на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), спроведена за да се утврдат различните форми на скриени економски активности во бизнис-секторот лани и да се споредат резултатите од истата анкета направена во 2014 година. - Покрај општото задоволство со даночниот систем во земјата, се смета...

Трамп е најлошо рангиран претседател на САД во последните 70 години

Граѓаните на САД за американскиот претседател Доналд Трамп сметаат дека во последните 70 години е најлошиот претседател на државата во првите половина година од мандатот, јави „Еј-би-си њуз“, повикувајќи се на анкетата што ја спроведе заедно со весникот „Вашингтон пост“. Во анкетата се најдоа прашања за компетентноста на Трамп на светската сцена, неговата ефективност, републиканскиот план за здравствена заштита и за улогата...

„Брима“: Мнозинството граѓани сметаат дека била потребна промена на власта

Доверба во новата влада имаат 57 проценти од граѓаните, а 37 отсто гледаат со недоверба на идното работење на владата. Најголема доверба на владата ѝ даваат етничките Албанци, односно 71 отсто, а најмалку доверба имаат етничките Македонци, односно 51 процент, покажува новата анкета на „Брима Галуп“, спроведена од 2 до 12 јуни. Истражувањето покажува дека на Македонија ѝ била потребна...

„Брима Галуп“: СДСМ и Заев со поголем рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ и од Груевски

Рејтингот на СДСМ е за 2,6 отсто повисок од тој на ВМРО-ДПМНЕ, покажува најновата анкета на „Брима Галуп“ спроведена непосредно по изборот на новата Влада од 2 до 12 јуни 2017 година. Рејтингот на СДСМ е 22,4 отсто, на ВМРО-ДПМНЕ - 19,8 отсто, ДУИ има 7,3 отсто, Беса и Движењето за реформи на ДПА имаат по 4,3 проценти, а ДПА...

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ за 0,8 отсто, а Груевски пред Заев за 1 процент

Доколку утре би се одржале избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,5 отсто од граѓаните, а за СДСМ 23,7 отсто, покажуваат резултатите од последната анкета на телевизија „Телма“ и на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Според резултатите од анкетата, за ДУИ би гласале 8,5 отсто, за Беса - 3,7 отсто, за Алијансата за Албанците - 1,8 отсто, а за ДПА...

Анкета на „Телма“: Граѓаните веруваат дека зад упадот во Собранието стои ВМРО-ДПМНЕ

Во најновата анкета на телевизија „Телма“ и на МЦМС, направена од 10 до 15 мај, на прашањето кој стои зад нападот во Собранието, 40,5 проценти изјавиле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, 20 проценти изјавиле дека толпата влегла спонтано, 8,7 проценти сметаат дека упадот бил спроведен од странски служби, 4,6 проценти - СДСМ, а 25,4 проценти одговориле дека не знаат. Високи 81,3...

ВМРО-ДПМНЕ: Анкетата на ИРИ покажа дека народот му го врти грбот на Заев

„Народот се чувствува постизборно измамен со тиранската платформа и затоа на анкетата на ИРИ мнозинството смета дека треба да има нови избори. Анкетата на ИРИ покажа дека народот му го врти грбот на Заев и не сака криминалец да ја води државата. Речиси двојно поголема е поддршката што ВМРО-ДПМНЕ ја има во однос на поддршката на СДС“, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска во...

Анкета на ИРИ: Мнозинството граѓани на Македонија не се задоволни од локалните власти

Мнозинството граѓани на Македонија се незадоволни од нивните локални власти, покажува најновата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Според податоците од анкетата, 51 отсто од испитаниците изјавиле дека се донекаде или многу незадоволни од работата на нивните градоначалници, додека 47 отсто искажале идентични ставови и за општинските совети. Четириесет и шест отсто од анкетираните се изјасниле дека,...

Охриѓани против новите градежни зафати, бараат заштита на Студенчишко Блато

Околу 99 отсто од сите 300 анкетирани жители од Охридско сметаат дека промената на деталниот урбанистички план за зголемување на катноста на објектите од хотел „Тино“ до „Милениум палас“ е штетна урбанистичка одлука, која треба да се повлече. Огромен дел од испитаните граѓани, исто така, ги оценуваат предвидените капитални инфраструктурни проекти како исклучиво штетни и непотребни за регионот, покажуваат бројките...

Политичката криза влијае врз стопанството, компаниите бараат брзо решение

Компаниите членки на Македонско-германското стопанско здружение се жалат на дефицитот на правната сигурност, политичката и социјалната стабилност, борбата против корупцијата и криминалот, дисциплината при наплата на побарувањата, по пред се непредвидливата политичка криза која има силно влијание на стопанскиот развој. Ова го покажува анкетата на здружението во која учествувале 71 компании и дури 51 процент од нив, актуелната состојбата ја оцениле како...

Нова демократија води пред СИРИЗА во анкетите на јавното мислење

Мнозинството грчки граѓани сметаат дека десничарската партија Нова демократија би победила доколку утре се распишат избори во Грција. Ова го покажува новата анкета на јавното мислење спроведена за грчката телевизија „Екшн 24“ (Action 24). Според резултатите од анкетата, опозициската партија предничи 13,5 отсто пред владејачката СИРИЗА. Подетално, според одговорите на анкетираните за предвидување на победникот на потенцијални избори, Нова демократија...

Анкета на НДИ: Политичката ситуација е најгорливиот проблем првпат од 2001 година

Првпат по воениот конфликт во 2001 година, генералната политичка ситуација во Македонија е најгорливиот проблем за граѓаните, а потоа следуваат невработеноста, сиромаштијата, економската криза и платформата на водачите на албанските партии, покажува анкетата што во март ја спровел американскиот Национален демократски институт (НДИ), со финансиска поддршка од УСАИД. Речиси две третини од анкетираните, односно 65 отсто, веруваат дека земјата се движи...

Анкета на ИПИС: 5,3 отсто предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

Доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,1 отсто од граѓаните, а за СДСМ - 21,8 отсто, покажува најновата анкета спроведена од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС). Истражувањето покажува дека за ДУИ би гласале 4,9 отсто од анкетираните, за Беса - 2,1 отсто, за Алијанса за Албанците - 1,1 отсто, а за ДПА...

Сè помалку се издаваат фискални сметки при купување алкохол и цигари

Лани најретко се издавале фискални сметки за услуги за одржување на домот (17 проценти), услуги за поправки на домот (21 процент), изнајмување имот (30 процент) и за занаетчиски услуги (36 проценти). Ова го покажуваат податоците од анкетата за даночната евазија во Република Македонија во 2016 година, направена од Центарот за истражување и креирање на политики (ЦИКП). Во 2016 година, повеќе од половина од...

Анкета: Песимизам за економијата, народот ги чека изборите и судењата

Најголем дел од граѓаните во Македонија (41,8 отсто) сметаат дека економската состојба во Македонија во 2017 година оди кон полошо. Речиси третина, односно 28,6 проценти, сметаат дека не постои поместување во состојбата. Позитивни очекувања, пак, имаат нешто повеќе од една петтина од граѓаните (24,8 отсто), покажува анкетата што во февруари ја спровела агенцијата „М-Проспект“, со 1.000 луѓе избрани како национален репрезентативен примерок. Излезот...

ИДСЦС: 77 отсто од граѓаните се за влез на Македонија во ЕУ

Доколку следната недела се одржи референдум за влез на Македонија во Европската Унија, за влез би гласале 77 отсто од граѓаните, а против 17 отсто, покажува анкетата спроведена во ноември минатата година од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ во рамки на проектот „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2016)“ Според истражувањето, доколку се изземе...

ВМРО-ДПМНЕ: Да веруваше Заев во анкетата на „Телма“ ќе излезеше на нови избори

СДСМ загуби на изборите, а народот му порача на аболираниот криминалец Зоран Заев дека нема да дозволи такви ликови да ја водат државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната анкета која ја објави телевизија „Телма“. „Секогаш кога СДСМ е во паника прибегнува кон истите методи на лаги и манипулации. Доколку Заев барем малку веруваше во анкетите на ’Телма’ и во порастот...

Анкета: Граѓаните се против нови избори, сакаат широка коалиција

Доколку утре се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе бидат речиси изедначени, покажува најновата анкета на агенцијата „М-проспект“ направена по нарачка на телевизија „Телма“. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,3 отсто од граѓаните, за СДСМ 23 отсто. Единствено промена би имало кај партиите на Албанците. Кога сега би се одржале избори Беса би била изедначена со ДУИ, односно би добила 3,5 отсто,...