fbpx
Таг: амбасадор

таг: амбасадор

Гарет: И обвинети лица може да се кандидираат во некои земји

Во некои демократии е возможно луѓе кои се предмет на истрага да се кандидираат на избори, вели британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, кој присуствуваше на конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“ организирана од „Мост“. - Различни земји имаат различни практики во однос на кандидирањето на личности што се обвинети за криминал. Во некои демократии е апсолутно возможно луѓе кои...

Ахмети: Не верувам дека ќе има активности што би им наштетиле на изборите

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, не верува дека може да има активности што би му наштетиле на изборниот процес. Ова, како што соопштија од ДУИ, Ахмети го истакнал на средбата со новоименуваниот амбасадор на Франција во земјава, Кристијан Тимоние. Ахмети и Тимоние разговарале за политичката ситуација во земјава, изборите на 11 декември и за интеграцијата на Македонија...

Агрон Буџаку ќе биде нов директор на Центарот за управување со кризи

Поранешниот македонски амбасадор во Франција, Агрон Буџаку, е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи. Ваква одлука била донесена на владина седница одржана во петокот. Тој доаѓа на местото на неговата сопартијка од ДУИ, досегашната директорка Сузана Салиу, која во наредниот период ќе ја извршува функцијата заменик на народниот правобранител. Буџаку беше и првиот директор на Центарот за управување со...

Заев – Јазбец: Избори на 11 декември и поддршка за СЈО

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Словенија во Македонија, Милан Јазбец. На средбата се разговарало за потребата од фер, демократски и регуларни избори на 11 декември, за што, како што истакнал Заев, политичките партии, институции, вклучително и Собранието, е неопходно целосно да ги исполнат своите обврски. - Граѓаните на Македонија на регуларни избори мора да...

Нов амбасадор во Брисел е Александар Николовски

Александар Николовски е новиот амбасадор на Македонија во Мисијата на ЕУ во Брисел, објави порталот „Сакам да кажам“. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на местото на Андреј Лепавцов, кој на оваа позиција беше пет години. Николовски (32) беше претседател на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Министерот Поповски се сретна со амбасадорот на ЕУ, Жбогар

Никола Попоски, заменик-претседател на Владата и министер за надворешни работи на Македонија, се сретнал со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, соопштија денеска од МНР. На средбата Попоски и Жбогар разговарале за напредокот во евроинтегративниот процес на Република Македонија. Во тој контекст биле истакнати очекувањата за спроведување фер и демократски избори, како основа за интензивирање на...

Унгарска државна компанија заинтересирана за изградба на „Рајска градина“

Голема унгарска државна компанија била заинтересирана да ги изгради далеководот Битола-Елбасан, како и проектот „Рајска градина“ во Скопје, информирал новиот амбасадор на Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс, на денешната средба со министерот за економија Дритон Кучи. Дукс најавил и пуштање на директна авионска линија Будимпешта - Скопје - Будимпешта, преку нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Македонија и Унгарија досега одржаа три седници...

Оер: Да се исполни договорот и да се организираат кредибилни и демократски избори

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбер Адеми денеска се сретна со амбасадорката на Франција, Лоренс Оер. Оер на средбата истакнала дека Франција ќе продолжи со поддршката за еворинтеграцијата на Македонија и посочи дека е потребно понатамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји. Во однос на актуелната политичка состојба двајцата соговорници ја потенцирале важноста на целосно исполнување на...

Почина професорот Димитар Мирчев

Почина Димитар Мирчев, македонски универзитетски професор, професор Емеритус по политички науки, редовен член на Европската академија на науки и уметности во Оделот за општествени науки, право и економија и поранешен амбасадор на Република Македонија во Словенија. Мирчев е роден во Сливен, во 1942 година. Основно и средно образование завршил во Скопје, а високо на Правниот факултет во Белград. Специјализирал методологија на општествени науки...

Курц: Турција да ја објасни врската меѓу Анкара и протестите во Австрија

Австрија го повика на разговор турскиот амбасадор во Виена да ја објасни поврзаноста на Анкара со демонстрациите во Австрија во знак на поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој спроведува остри мерки по неуспешниот обид за државен удар, изјави денеска шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц. Тој изјавил дека амбасадорот ќе биде прашан дали турските официјални лица охрабриле илјадници...

Бејли: Има интересен предлог на маса и се очекува решение до крајот на неделата

Преговорите меѓу политичките партии потписнички на Договорот од Пржино и вечерва завршија без договор. Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, по средбата истакна дека на маса има интересен предлог и дека до крајот на неделата очекува решение на кризата. На средбата што денеска се одвиваше во резиденцијата на амбасадорот на САД, присуствуваа Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан...

Жбогар ќе го наследи Орав

Поранешниот шеф на словенечката дипломатија, Самуел Жбогар, најверојатно ќе биде новиот евроамбасадор во Македонија, дознава „Мета“. Сепак, официјалното назначување на Жбогар, кој во моментов е специјален претставник на ЕУ на Косово, нема да биде пред 15 август, кога Брисел ќе ги соопшти сите евроамбасадори во земјите од Балканот и од поширокиот регион. Жбогар, кој во својата 22-годишна дипломатска кариера е вклучен...

Британија го именуваше амбасадорот во Франција за нов претставник во ЕК

Велика Британија го именуваше својот актуелен амбасадор во Франција, Џулијан Кинг, за нов претставник на земјата во Европската комисија, јавуваат светските агенции. „Сер Џулијан Кинг е искусен дипломат, кој има особено искуство во европските работи и премиерот Дејвид Камерон смета дека тој ќе претставува значајно засилување во комисијата“, соопштиле од кабинетот на Камерон. Кинг во ЕК доаѓа на местото на Џонатан...

Заев се сретнал со амбасадорот на Шведска, Матс Стефансон

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, денеска се сретна со амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стафансон. Од СДСМ информираат дека тема на разговор на средбата биле актуелната политичка ситуација и начините за надминување на длабоката политичка криза. „Кризата во земјава треба час поскоро да заврши. Неопходно е обезбедување на владеење на правото и реализирање на регуларни, фер и веродостојни избори преку исполнување...

Полицијата ќе снима со мобилни камери, проект на ИЦИТАП и на МВР

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, денеска го помовираа новиот мобилен систем за снимање со камери што ќе ги носат сообраќајните полицајци. Станува збор за заеднични пилот-проект на ИЦИТАП - Одделот за правда на САД во Македонија и на Министерството за внатрешни работи. Неговата цел е, како што посочи министерот Чавков, да се...

Хајндл во вторник повторно во Македонија

Германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, во вторник повторно ќе допатува во Македонија. Тој ќе се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино. На Хајндл ова ќе му биде трета посета на Македонија за нешто повеќе од еден месец. При последната посета, на 19 мај, тој побара да се обезбеди непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, а сите...

Пломп: Треба да се почне со имплементација на реформите

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп денеска на настанот „Кафе-пауза“ организиран во соработка со Секретаријатот за европски прашања, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека сè што е ставено на хартија во форма на договор, треба да се исполни. Како што рече Пломп, мора да се почне со имплементација на тие реформи, но најбитно сега е да се фокусираме на три принципи на...

Бејли: Договорот од Пржино е жив

Договорот од Пржино е жив, но преостанува уште многу работа, вели амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, за „Дојче веле“. - Неговите фундаментални елементи - одговорност за скандалот со прислушквањето, инклузивен политички процес, особено во Собранието, и реформи кои водат кон веродостојни избори - остануваат најдобриот начин за излез од сегашната политичка криза и за интеграција во ЕУ и во...

Не може да постои незаконитост и селективна правда, порача Орав

Евроамбасадорот, Аиво Орав на „Твитер“, порача дека не може да има селективна правда и дека сите помилувања треба да се повлечат. „Помилувањата мора да се укинат. Не може да постои незаконитост и селективна правда“, напиша Орав. https://twitter.com/AmbassadorEU/status/736260902337564672 Брисел исто така порача дека сите помилувања од претседателот мора неодложно да се отповикаат за да се зачува принципот на одговорност, да се обезбеди еднаков...

Јоханес Хајндл денеска повторно во Скопје

Специјалниот пратеник за Македонија на германското Министерство за надворешни работи, Јоханес Хајндл, денеска ќе допатува во дводневна посета на Скопје, соопштија од германската амбасада. „Надоврзувајќи се на неговата посета од минатата недела, aмбасадорот Хаjндл одново ќе разговара со партиите-потписнички на Договорот од Пржино како и со претставници на меѓународната заедница. Предвидени се и разговори со претседателот на државата, Ѓорге Иванов,...