fbpx

Заев се сретнал со амбасадорот на Шведска, Матс Стефансон

-

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, денеска се сретна со амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стафансон.

Од СДСМ информираат дека тема на разговор на средбата биле актуелната политичка ситуација и начините за надминување на длабоката политичка криза.

„Кризата во земјава треба час поскоро да заврши. Неопходно е обезбедување на владеење на правото и реализирање на регуларни, фер и веродостојни избори преку исполнување на сите услови. Потребна е влада што успешно ќе спроведе фер избори, на кои граѓаните ќе имаат доверба дека ќе ја обезбеди нивната слободна волјата во целост и ќе го гарантира нивното право за слободен глас“, истакнал Заев.

Тој додал дека за излез од кризата клучни се прочистувањето на избирачкиот список и реформите во медиумската сфера, преку исполнување на обврските што произлегуваат од Договорот од Пржино.

Како што информираат од партијата, на средбата било заклучено дека фер и веродостојни избори се неопходни за Република Македонија да се врати во нормален колосек.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...