fbpx
Таг: амандмани

таг: амандмани

Комисиската расправа за предлог-буџетот за 2018 година закажана за утре

Првото продолжение на 12. седницата на Комисијата за финансирање и буџет, на која треба да се расправа за предлог-буџетот за 2018 година, треба да се одржи утре. Оваа седница почна на 27 ноември и иако беа закажани неколку продолженија, не се одржа ниту едно. Еден од членовите на Комисијата за финансирање и буџет е и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој...

СДСМ со поддршка од ДУИ поднел четири амандмани за законот за јазици

Пратеничката група на СДСМ и на коалицијата поднесе четири амандмани на предлог-законот за јазици, со кои ќе се унапредат правата на етничките заедници во земјата, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, на прес-конференција во Собранието. Според Тунтев, со амандманските решенија ќе се унапредува позицијата на помалите етнички заедници што се наведени во преамбулата на Уставот, со што...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 50 амандмани за законот за јазици, СДСМ пет, Беса два, ДУИ – ниеден

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 50 амандмани за законот за употреба за јазиците, СДСМ пет, а два амандмани поднесе Беса. Денеска истече рокот во кој политичките партии можеа да поднесат амандмани за овој закон во второ читање. ВМРО-ДПМНЕ со амандманите сака да интервенира во делот во кој, според партијата, се загрозува македонскиот јазик. Од СДСМ велат дека нивните амандмани се во насока на...

Рокот за поднесување амандмани за законот за јазици истекува утре

Рокот за поднесување амандмани за предлог-законот за употреба на јазиците истекува утре, а амандмани ќе поднесат сите партии освен ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ ќе интервенира во делот во кој, според партијата, се загрозува македонскиот јазик. Од СДСМ велат дека ќе поднесат амандмани во насока на разјаснување на дилемите околу казните што ги предвидува законот и на обвинувањата дека тој ќе го загрози...

Тунтев: Работиме на амандмани за да нема различни толкувања на законот за јазиците

Пратениците на Социјалдемократскиoт сојуз на Мaкедонија работат на амандмански предлози за предлог-законот за упиреба на јазииците со кои сакаат да интервенираат во законот секаде онаму каде што се отвора проблем за различни толкувања на членовите, изјави коодринаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на прес-конференција во Собранието. - Со денешното изгласување на потребата за донесување на законот почна постапката...

Ребалансот на буџетот прв ден на пленарна седница во Собранието

Пратениците во Собранието денеска на пленарна седница ќе расправаат за ребалансот на буџетот за 2017 година. Седницата ќе почне во 10 часот, а освен буџетот, на дневен ред има уште шест точки. Пратениците имаат можност пет дена да расправаат за буџетот, кој се очекува да биде изгласан в недела, на 6 август. Пред почетокот на седницата, на која расправата за...

Перински: Oд 840 предложени амандмани, беа разгледани само 62 и ниту еден прифатен

СДС со ребалансот покажа дека е антиреформска и неодговорна власт, изјави на прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински. Тој додаде дека за тоа најдобро говори фактот дека од 840 предложени амандмани во различни пратенички групи, беа разгледани само 62 амандмани и ниту еден не беше прифатен. - Владата на СДС својата негрижа и неодговорност ја покажаа со отфрлањето на амандманите...

Димовски: Ребалансот на буџетот е лош за сите, економијата ќе ја врати назад

Ребалансот на буџетот што го предлага СДСМ е неразвоен и ќе ја врати економијата назад, изјави на прес-конфернција Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, буџетот е лош за граѓаните, за фирмите, за странските инвеститори, за домашното стопанство, за пензионерите, за примателите на социјална помош, за градежништвото, за студентите и за младите лица. - Со овој ребаланс на буџетот, сите ветувања што СДСМ ги...

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на буџетот

Расправата за ребалансот на буџетот ќе продолжи денеска на седница на Комисијата за финансирање и буџет во 11 часот. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во своето образложение пред Комисијата вчера истакна дека основнa цел на ребалансот e да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада. Според него, кратењето на непродуктивните трошења на власта обезбеди...

Расправата за ребалансот на буџетот ќе почне со 840 поднесени амандмани

Дури 840 амандмани стигнале до собраниската Комисија за финансирање и буџет, во која денеска ќе почне расправата за ребалансот на буџетот. Најмногу амандмани, 706, поднела ВМРО-ДПМНЕ, а другите 134 амандмани се од партии од албанскиот политички блок. Поради ребалансот на буџетот, беше прекината шестата собраниска седница во моментот додека се расправаше за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител...

СДСМ: Власта на Груевски ја зголемува можноста за ширење на ХИВ

Власта на Никола Груевски ги става под ризик граѓаните, ја зголемува можноста за ширење на ХИВ и ги загрозува животите на пациентите кои веќе се лекуваат, обвини денеска Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ, на прес-конференција пред Собранието, каде се одржува протест против кратењето на буџетот за превенција од ХИВ. - Кратат неверојатни 59 отсто од средствата предвидени за превенција и за лекување...

Доставени 422 амандмани за предлог-буџетот за 2017 година, расправата продолжува

Вкупно 422 амандмани се доставени за предлог-буџетот за 2017 година, од кои 250 се поднесени од ДПА, а 172 се од СДСМ. Во Собранието денеска продолжува петтата амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет. Предлог-буџетот за 2017 година на расправа во матичната собраниска комисија влезе на 28 септември и треба да се разгледува максимум десет дена. Со овој предлог-буџет, вкупните приходи...

Ковачевски: Поднесовме амандмани со кои предвидуваме власта да скрати од луксузот

Со амандманите кои ги поднесовме како опозиција, предвидуваме Владата да намали 10 милиони евра од градежни објекти за кои сметаме дека може да бидат изградени во нареден период затоа што сега е неопходно да се обезбедат овие средства за поплавените подрачја, изјави пратеникот Васко Ковачевски на вториот ден од расправата за ребалансот на буџетот на Комисијата за финансирање и буџет. Според...

ВМРО-НП предлага преку амандмани СЈО да стане дел од Уставот

ВМРО - Народна партија предлага Собранието да донесе амандмани што ќе станат дел од Уставот, а со кои ќе се потврди уставноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), велат од партијата на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски. Оттаму бараат сите политички партии во Собранието едногласно да ја поддржат оваа иницијатива, како во случајот со донесувањето на Законот за...

Џафери: Секој нормален пратеник ќе гласа за бришење на 5 јуни од Изборниот законик

Пратеникот и координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Талат Џафери денеска до Собранието поднесе предлог - измени на Изборниот законик со кои се бришат членовите во Законот каде што се напишани датумите за одржување на изборите. Џафери за „Мета“ вели дека во предлог - измените на законот нема нов датум, бидејќи за тоа одлучуваат лидерите на...

Ванхауте: Сите партии доставија нови амандмани за законот за медиуми

Работните групи на политичките партии за реформи во медиумите денеска ќе се обидат да се доближат по овие прашања. Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте пред почетокот на средбата во Клубот на пратеници рече дека се надева на напредок. - Сите партии доставија нови амандмани и денеска ќе разговараме за тоа. Јас мислам дека е добро што сите се согласија на средбата и...

СДСМ поднесе 984 амандмани за формирање на новиот универзитет

Пратеничката група на СДСМ поднесе 984 амандмани на предлог-законот за формирање на универзитетот „Даме Груев“. Горан Сугарески, координатор на пратеничка група на СДСМ, вели дека со одлуката за формирање на новиот универзитет целосно е прекршена процедурата за носење одлука за формирање нов универзитет. - Како опозиција, ја прашуваме Владата зошто не е поднесен до пратениците елаборатот за формирање на универзитет на...

Катица Јанева бара поголема надлежност врз заштитените сведоци

Катица Јанева преку амандмани на постојниот Закон за заштитени сведоци ќе бара да ѝ се олесни користењето ваков вид сведоци. Истовремено, со амандманите се бара во законот да фигурира и Специјалното обвинителство за тоа да може да предлага и да бара заштита на одредени сведоци, потврди за „Мета“, портпаролката на Специјалното јавно обвинителство, обвинителката Ленче Ристовска. - Станува збор за амандмани...

Заврши амандманската расправа за буџетот за 2016 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ја заврши амандманската расправа по предлог-буџетот за 2016 година. Од предложените 417 амандмани, во утврдениот рок од 10 дена разгледани биле 92 поднесени амандмани, од кои прифатени се четири. Денеска Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа по предлог-законот за извршување на буџетот на РМ за 2016 година.

Власта не ги прифати амандманите за буџетот предложени од ДПА

Без образложение зошто, министерот за финансии Зоран Ставрески на денешната расправа за буџетот ги одби сите амандмани предложени од опозициската ДПА. - Министерот не ги кажа изворите за овие средства и затоа ќе знаете дека во април 2016 година ќе има предвремени избори и мислам дека одбивањето на амандманите и ребалансот во исклучително тешко време веднаш те тера да мислиш...