fbpx
Таг: акција

таг: акција

Во Полошко полицијата привела 48 странски државјани со нелегален престој

Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ноќеска од полноќ до 2 часот и 30 минути, спровеле акциска контрола во угостителски објект во тетовско Горно Седларце. Таму биле затекнати осум женски лица, од кои пет од Република Албанија и три македонски државјанки. Албанските државјанки на возраст од 25 до 45 години, кои во објектот ги забавувале гостите, приведени се...

Урбана уметничко-активистичка акција „Идното македонско евро“

Секоја земја членка на Европската Унија, по прифаќањето на еврото како валута, има право на монетите да ги аплицира своите национални симболи, порачаа активистите преку урбана акција која е дел од граѓанската кампања „Зачекори напред! Изборот е твој!“ (zacekorinapred.mk). „Се надеваме дека набргу ќе дојде денот кога шарпланинецот, рисот, охридската пастрмка и другите нашите симболи, ќе заблескаат на монетите на еврото....

МВР: Продолжуваат мерките за спречување на диви трки на моторциклисти

Во периодот од 20 часот (04.07.) до 01.30 часот (05.07.) од страна на Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Скопје и Полициското одделение за сообраќајно ескортно обезбедување, повторно беа превземани посебни мерки и активности во делот на сообраќајот за спречување на организирање и учество во диви трки на моторциклисти, информираат од МВР. „Притоа од...

Заев: Полициската акција во дискотеките е доказ дека законот важи еднакво за сите

Полициската акција која викендов беше спроведена во дискотеките во координација со Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат е доказ дека законот важи еднакво за сите, а МВР има должност да ја гарантира безбедноста на граѓаните, рече премиерот Зоран Заев како одговор на пратеничко прашање денеска во Собранието. -Знам од она што го имам добиено...

Полицијата во Северна Митровица ја загрозила безбедноста на новинарите

Регионалната платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедноста на новинарите, која застапува повеќе од 8.000 членови, ги осудува последните инциденти кои се случија врз новинарите за време на полициската интервенција во Северна Митровица. Од таму информираат дека инцидентот се случил на 26 март, кога специјалната полициска единица Регионална единица за оперативна поддршка (ROSU) во Северна Митровица го...

МВР најави повеќе полиција на улиците и казни за несовесните возачи

Министерството за внатрешни работи од утре најави засилено присуство на сообраќајната полиција во урбаните средини и казни за несовесните возачи, особено оние кои возат под дејство на алкохол и со брзина над дозволената. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес-конфренција соопшти дека ваквата акција на МВР следи поради констатирана недисциплина во сообраќајот со непочитување на правилата и прописите. - Поради...

Ердоган: Нема прекин на акцијата против Курдите во Сирија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да ја прекине операцијата против Курдите во Африн на северот на Сирија, што предизвика загриженост помеѓу сојузниците на Анкара. Toj рече дека, операцијата позната како „маслиново гранче“ ќе биде завршена кога ќе биде постигната посакуваната цел. Турција ја обвинува курдската полиција за поврзаност со Курдистанската работничка партија која се смета за терористичка група,...

Уапсени 200 мафијаши во Италија, помеѓу кои и корумпирани функционери

Околу 200 припадници на еден од најпознатите мафијашки кланови се упасени во заедничка акција на полицијата во Италија и во Германија, соопштија италијанските официјални власти. Според соопштението, уапсени се членови на криминалната група Ндрангета, чие што седиште е во регионот Калабрија. Акцијата била спроведена заедно со германската полиција, имајќи предвид дека семејствата Фарао и Маринкола, кои је предводеле групата, работеле во...

МВР синоќа затвори 13 угостителски објекти и приведе четири малолетници

Тринаесет угостителски објекти синоќа се затворени во координираната акција на Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд. Како што соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, синоќешната акцијата била спроведена по направените анализи и оперативни сознанија дека во голем број угостителски објекти не се почитуваат законските прописи во поглед на работното време,...

Акција на турската полиција за апсење на 70 војници поради поврзаност со Ѓулен

Турската полиција денеска почнала акција за апсење на 70 војници обвинети за поврзаност со имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а кого властите во Анката го обвинуваат дека го организирал минатогодишниот обид за воен удар, јавуваат турските агенции. Акции против приврзаници на Ѓулен во Турција се спроведуваат речиси секој ден, веќе 15 месеци, а само минатата седмица беа приведени...

Бочварски: Имаме обврска да го чуваме Штип за идните генерации

Благој Бочварски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип, со неколку сопартијци денеска се вклучи во еколошка акција, чистејќи го локалитетот Мирјанина Црква. - Имаме одговорност пред самите нас и пред идините генерации, да направиме добри дела за овој град, да работиме во интерес на граѓаните, да ја заштитиме животната средина и здравјето на нашите граѓани - рече Бочварски и...

Уапсени албански државјанки во ноќен клуб во Тетово

Синоќа полицијата привела четири албански и пет македонски државјани при акција спроведена во угостителскиот објект „Баци“ во Боговиње. МВР информира дека во објектот имало три албански државјанки на возраст од 26 до 41 година, кои биле вработени како пејачки и танчерки, како и еден маж од Албанија. Тие биле приведени и задржани во полициската станица во Тетово, по што биле предадени...

Во поплавите на југот на Азија настрадаа 600 лица

Околу 600 лица настрадаа во поплавите на југот на Азија каде што акцијата за спасување се уште трае. Во поплавите и свлечиштата предизвикани од нив, биле погодени повеќе од еден милион луѓе. Властите на Индија побарале помош од војската во две области кои се најгусто населени, а во кои загинаа 55 лица. Во индиската држава Утар Прадеш речиси 100.000 луѓе, од...

ЛП: Дивите продавачи ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

Либералната партија го поздрави барањето на Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија за решавање на проблемот со дивите пазарџии, кои на улица, од камиони, продаваат сезонско овошје и зеленчук. „Овие диви продавачи не само што нелегално тргуваат и создаваат нелојална конкуренција, туку и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот и дополнително ја загадуваат околината, создавајќи отпад од кој се...

Во Охрид акција на „Супер радио“: Помалку автомобили, помалку метеж

Охридското „Супер радио“ ја почна акцијата „Помалку автомобили, помалку метеж“, со која ги повикува охриѓани колку што е можно помалку да ги користат автомобилите во текот на шпицот на сезоната, особено во центарот на градот. - Идејата е да се обидеме сите заедно да го намалиме бројот на автомобили во центарот на градот. Ќе признаеме дека сите ние ги користиме...

Обвинителство: Разбиена досега најголема организирана група за криумчарење мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција извести дека во текот на вчерашниот ден била спроведена координирана акција со МВР против организирана група за криумчарење мигранти, на подрачјето на повеќе населени места. Притоа, по поднесената кривична пријава од МВР за 23 лица, од кои еден малолетник, а четворица државјани на Албанија, Обвинителството за 22 лица донело наредба за спроведување...

Град Скопје го исклучи осветлувањето како дел од акцијата „Часот на планетата Земја“

Градот Скопје синоќа беше дел од глобалната акција „Часот на планетата Земја 2017“ и во времетраење од еден час го исклучи осветлувањето на неколку објекти и локации во центарот на градот. Во периодот од 20.30 до 21.30 часот, Градот Скопје го исклучи осветлувањето на плоштадот Македонија и околу спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина Кале, мостот Око и на Мостот на уметноста. Вчеравечер,...

МВР открило организирана група за трговија со дрога

МВР во вчерашна акција за сузбивање на уличното дилерство на дрога, открило криминална група составена од пет лица С.Р. (51), З.М.(29), М.Д. (26), М.М.(36) и З.С. (34) која набавувала и продавала наркотична дрога на нарко зависници. „Според документираните сознанија во текот на минатата и оваа година криминалната група организирана од С.Р продавала кокаин за цена од 3.000 до 4.500 денари...

ОЈО води постапка против организирана група за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека во текот на вчерашниот ден во координација со Министерството за внатрешни работи – Оддел за организиран криминал е спроведена акција за откривање на организирана група што извршува нелегална трговија со дрога при што приведени се три лица. „Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно...

„Ден без имигранти“ – акција во САД против Трамп

Во неколку американски градови имигрантите се повикани да останат во своите домови, да не одат на училиште или на работа и да не им помагаат на своите работодавачи во рамки на акцијата „Ден без имигранти“. Организаторите на акцијата велат дека „Ден без имигранти“ има за цел да покаже колку имигрантите придонесуваат за американската економија и за општеството. Такви акции се спроведени...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...