Околу 600 лица настрадаа во поплавите на југот на Азија каде што акцијата за спасување се уште трае. Во поплавите и свлечиштата предизвикани од нив, биле погодени повеќе од еден милион луѓе.
Властите на Индија побарале помош од војската во две области кои се најгусто населени, а во кои загинаа 55 лица. Во индиската држава Утар Прадеш речиси 100.000 луѓе, од своите домови биле префрлени во засолништа.Индиската држава Бихар е најтешко погодена, каде што бројот на жртвите се зголеми на 153.
Најмалку 20 од 28 милиони жители на Непал се погодени од поплавите, а се проценува дека настрадале 123 лица.
Неколку милиони луѓе во Непал, Бангладеш и Индија се соочуваат со недостаток на храна и постои опасност од заразни болести поради загадената вода. Меѓународниот комитет на Црвениот крст повика на итна акција поради хуманитарната криза на југот на Азија.