fbpx

МВР открило организирана група за трговија со дрога

-

МВР во вчерашна акција за сузбивање на уличното дилерство на дрога, открило криминална група составена од пет лица С.Р. (51), З.М.(29), М.Д. (26), М.М.(36) и З.С. (34) која набавувала и продавала наркотична дрога на нарко зависници.

„Според документираните сознанија во текот на минатата и оваа година криминалната група организирана од С.Р продавала кокаин за цена од 3.000 до 4.500 денари за едно пакување. Кокаинот бил набавуван од непознато лице од Србија во помали количини, со цел полесен и побезбеден транспорт на наркотичната дрога. С.Р ги ангажирал МД. и М.З. кои го продавале кокаинот на нарко зависници, а по продажбата редовно го известувале С.Р. за паричните средства кои биле добиени“, информира МВР.

Од судија на претходна постапка извршени се претреси на пет локации при што во домот на С.Р пронајдени биле едно пакување со бела прашкаста материја, 50 куршуми калибар 9 милиметри, автомобил марка „Голф“ 5 и три мобилни телефони. Во домот на З.М. одземени се четири пакувања со непозната бела прашкаста материја, 22 куршуми 5,56 милиметри, реденик со 12 патрони со различен калибар, 43 патрони со калибар 16 милиметри, куршум 7,65 милиметри, најлон кеса со непозната растителна материја, чинија со бела прашкаста материја и мобилен телефон. Во домот на М.М. одземени се седум банкноти од по 1.000 денари, две банкноти од по 500 денари и еден мобилен телефон.

МВР до надлежното Јавно обвинителство поднело кривична пријава за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а осомничените беа спроведени пред судија за претходна постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стоилковски: Преговорите со коалиционите партнери се во напредна фаза

Преговорите со коалиционите партнери се во напредна фаза, но се уште нема конечен договор, соопшти денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски и посочи дека се разговара и за ресори...