fbpx

Попоски: Европска стабилност ќе дојде преку наша соработка со соседството

-

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, на 53. Минхенска безбедносна конференција, која се одржува викендов во Минхен, рече дека Европска стабилност нема да дојде чекајќи ја од други, туку преку наша соработка со соседството.

-Постои процес на редефинирање на односите глобално. Криза околу ЕУ значи намален апетит за интегрирање на нови членови. На Балканот и во Македонија би биле наивни ако веруваме дека некој друг ќе ни извезе предвидливост и ќе не протурка до ЕУ. Одговорот е дека треба да се преземе одговорност и иницијатива за соработка, во економија, безбедност и политичка координација. Само така ќе ги убедиме своите граѓани и граѓаните на ЕУ дека ние сме реален фактор за Европска стабилност. А без неа, нема одржлив економски развој – рече Попоски.

За време на Конференцијата, Попоски остварил повеќе средби со своите колеги, каде разменил мислења за актуелниот геополитички контекст и за тоа како тоа би се одразило врз регионалната безбедност и сигурност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...