недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: акција | 176 резултати

Сиднеј: Полицијата почна акција за расчистување на заложничката драма

декември 15, 2014

Австралиската полиција упадна во сиднејското кафуле „Линд“, каде вооружен маж држи околу 40 лица како заложници . Како што јавуваат локалните медиуми, пукотници се слушаат околу кафулето, а пет лица успеале да го напуштат кафулето пред полицијата да упадне во локалот. Five more hostages escape #SydneySiege as explosions and gunfire are heard http://t.co/sfWxWNXuTD pic.twitter.com/IiGsAh7tP8 — […]

Терористички напад во Грозни, убиени седум напаѓачи

декември 4, 2014

Седум терористи и шест полицајци се убиени, откако група напаѓачи утрово нападнале полициска станица во главниот град на Чеченија, Грозни, а потоа се засолниле во издавачка куќа во центарот на градот, пренесуваат руските медиуми. Речиси половина од осумкатницата, во која е сместена издавачката куќа, е запалена во операцијата на антитерористичките единици, предводена лично од претседателот […]

Само тројца во притвор од 14 приведени во акцијата „Јагула“

ноември 22, 2014

Најголемиот дел од осомничените што вчера беа приведени во полициската акција „Јагула“ во Охрид, се пуштени да се бранат од слобода. Во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ, тие беа изведени пред судија на предходна постапка, во Основниот суд Скопје 1. Мерката притвор им е определана само на поранешниот градоначалник Александар Петрески и на […]

Трајановски и Меџити ќе присуствуваат на акција за чистење во Чаир

ноември 17, 2014

Денеска, во 13 часот, на булевар Цветан Димов (во близина на супермаркетот „Веро“), градоначалниците на Град Скопје и на Општина Чаир, Коце Трајановски и Изет Меџити, ќе присуствуваат на акција за чистење што се спроведува во оваа општина. По посетата на терен, градоначалниците ќе присуствуваат на средба со урбаните и со месните заедници од Општина […]

Акција на УЈП во Боговиње, Камењане и во Челопек

ноември 13, 2014

Управата за јавни приходи синоќа изврши контрола  во Боговиње, Камењане и во Челопек. Инспекторите, заедно со полициска придружба, ги проверуваа трговските објекти. Се проверува дали тие издаваат фискални сметки и дали ги почитуваат законите.

Странски државјанки без работни дозволи затекнати во тетовски локал

ноември 12, 2014

Екипа на тетовската полиција рано утрово, при контрола на угостителски објекти во градот, затекнала шест странски државјанки кои работеле нелегално, без работни дозволи. Како што информираат од полицијата, акцијата била спроведена во угостителскиот објект „Бабилон“, сопственост на тетовецот А.Б. (37). – При контролата, во внатрешноста на објектот, поточно на подиумот за танцување, биле затекнати шест […]

Јанкулоска: Даваат изјави, а не ги знаат прописите

ноември 11, 2014

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска одби да ги коментира изјавите во врска со контрадикторностите околу учеството на полицијата во минатонеделната акција на УЈП и на Пазарната инспекција во Скопје, Куманово и во Тетово. Забуната што се сoздаде во јавноста, дојде по спротивставените изјави на заменик директорот на УЈП и заменик министерот за внатрешни работи околу дали […]

Странски државјани, дрога и бегалец откриени во полициска акција

ноември 10, 2014

Екипи на тетовската полиција вчера извршиле контрола во два угостителски објекти во селото Жеровјане, каде што покрај странски државјанки со нерегулиран престој, биле приведени уште две лица, едното барано со потерница, а другото за поседување дрога. Како што информираат од СВР Тетово, акцијата била спроведена во локалите „Ориентал ас“ и „Ловец“. Во првиот локал биле откриени […]

Министерот Незири ќе бара одговорност за акцијата на УЈП и на МВР

ноември 7, 2014

Министерот за економија Бекир Незири денеска се огласи со остра критика на синоќешната акција на УЈП и на МВР во Скопје, Куманово и во Полошко и најави дека на првата наредна седница на Владата, ќе побара одговорност од организаторите на акцијата. – Министерството за економија, но и јас како министер, сме категорично против овие акции […]

ОНА ја презеде одговорноста за нападот на зградата на Владата

ноември 7, 2014

Ослободителна народна армија (ОНА) ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад на зградата на Владата на Република Македонија што се случи на 28 октомври, стои во коминикето што е испратено до телевизијата „Алсат-М“, потпишано од извесен Куштрим. Акцијата ја извела нивната единица „Хасан Приштина“, а цели биле зградата на Владата, на судовите, а биле предвидени напади […]

Хуманитарна акција за седумчлено семејство од Велес

ноември 6, 2014

Добротворна акција за собирање донации за седумчленото семејство Давчевски од Велес, на кое во пожар целосно му изгоре куќата, организира Здружението на граѓани „Уметност на живеење Македонија“. Хуманите луѓе можат да ги донесат своите донации во продавницата на „Биокосмос-Велес“, спроти гимназијата, в сабота, 8 ноември, од 8 до 21 часот.

Промоција на „Еко-пакет Македонија“

ноември 3, 2014

Промотивен ден на проектот „Еко-пакет Македонија“, денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Асоцијацијата за едукација, консалтинг и комуникација ОХО. Проектот се реализира веќе девет години во мрежата на еко-училишта во Словенија, Хрватска и во Србија. Од учебната 2014/2015 година првпат проектот „Еко-пакет“ ќе се реализира и во Македонија, првично како проект за основните […]

Страна 9 од 9