ОНА ја презеде одговорноста за нападот на зградата на Владата

Акцијата, според дописот, ја извела нивата единица „Хасан Приштина“

Ослободителна народна армија (ОНА) ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад на зградата на Владата на Република Македонија што се случи на 28 октомври, стои во коминикето што е испратено до телевизијата „Алсат-М“, потпишано од извесен Куштрим.

Акцијата ја извела нивната единица „Хасан Приштина“, а цели биле зградата на Владата, на судовите, а биле предвидени напади и на полициски станици, но се откажани за да се избегнат човечки жртви.

Во дописот стои дека ОНА не е задоволна од реализацијата на Охридскиот рамковен договор и дека Албанците во Македонија се обесправени, поради што нема да дозволат овој процес на тероризирање на албанското население да продолжи.

Од надлежните институции засега нема официјални реакции и информации околу случајот.