fbpx

Промоција на „Еко-пакет Македонија“

-

Промотивен ден на проектот „Еко-пакет Македонија“, денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Асоцијацијата за едукација, консалтинг и комуникација ОХО.

Проектот се реализира веќе девет години во мрежата на еко-училишта во Словенија, Хрватска и во Србија. Од учебната 2014/2015 година првпат проектот „Еко-пакет“ ќе се реализира и во Македонија, првично како проект за основните еко-училишта со зелено знаме (29 основни училишта), а од следните учебни години и за детските еко-градинки и средните еко-училишта.

Проектот „Еко-пакет“ е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, воспитувачите, наставниците и кај родителите, преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената амбалажа тетрапак од млекото, јогуртот и од соковите.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...