fbpx
Таг: Украина

таг: Украина

Средба Османи-Кулеба: Украина ќе победи

Украина и заштитата на украинскиот народ како приоритет на ОБСЕ, конкретните активности кои ОБСЕ Програмата за поддршка на Украина ги презема на терен, состојбата на тројцата припадници на ОБСЕ кои се во затвор во Доњецк и во Луганск беа дел од темите на средбата на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи со министерот за надворешни...

Нема докази дека Украина му дала оружје на Хамас

Повикувајќи се на официјално соопштение  на Одбранбеното разузнавање на Украина, Украинска правда пишува дека Русија се подготвува да ја дискредитира Украина со цел да влијае на ставот на сојузниците и на снабдувањето со западно оружје. Безбедносни експерти за странски проверувачи на факти велат дека Украина е во егзистенцијална битка со Русија и не е логично да продава оружје на...

Не е вистина дека Олена Зеленска потрошила 1,1 милиони долари на Картие накит во Њујорк

Не постои веродостојно сценарио кое ќе ја смести Зеленска некаде во близина на „Картие“ на Петтата авенија во Њујорк, на 22 септември 2023 година, датумот прикажан на фактурата прикачена на објавата. Таа и нејзиниот сопруг веќе го напуштија Њујорк вечерта на 20 септември, по што заминаа во Вашингтон каде што беа на 21 септември, а вечерта целосно ги напуштија...

Не е точно дека сето овошје и зеленчук во ЕУ е ГМО

Не може да се потврди дека оној кој го снимал видеото е навистина Украинец и дека е бегалец, а нема ниту докази дека храната што се презентира е генетски модифицирана. Станува збор претежно за овошје и зеленчук, кои се спакувани и снимателот на видеото ги уништува, притоа кажувајќи дека „храната во ЕУ нема нутритивна вредност“, што се разбира е...

Германија зимоска ќе реактивира електрани на лигнит за да зачува гас

Германската влада одлучи повторно привремено да активира три електрани на лигнит во периодот од октомври до март 2024, известува Блумберг. Истата практика беше применета и претходната зима. Оваа одлука е донесена за да се зачува земен гас, за да не дојде до недостиг на струја во следната грејна сезона. Според Ројтерс, недостигот на гас кој се компензира со оваа мерка е директна...

Руската новинарка што се појави во вести со антивоен транспарент осудена на 8,5 години затвор

Суд во Москва ја осуди на 8,5 години затвор новинарката Марина Овсјаникова, која упадна во вести со транспарент со кој ја осуди војната што Русија ја води во Украина, јави Би-би-си. Пресудата за 45-годишната Овсјаникова, на која ѝ се судеше во отсуство, е дека е виновна за „свесно ширење лажни информации“ за руските вооружени сили. Новинарката изминатата година заедно со...

Пендаровски на Генералното собрание на ОН: Војната во Украина е најеклатантен, но не и единствен пример за заканите по безбедноста

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк се обрати на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации. Тој во говорот првично се осврна на агресијата на Руската Федерација врз Украина, за која рече дека продолжува со несмалена жестокост, што е флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и на принципите на меѓународното право, во континуитет. „Станува збор за најголемата безбедносна...

Не е вистина дека Украина има пониска стапка на инфлација од С. Македонија

Украина нема пониска стапка на инфлација од С. Македонија како што се тврди во објавата. Украина и С. Македонија во август 2023 година имале слична стапка на инфлација (8,3% С. Македонија и 8,6% – Украина), но, сепак, таа била пониска во Македонија. Украина од почетокот на војната, па досега, ниту еднаш немала пониска стапка на инфлација од С. Македонија,...

Ветерен парк ќе се гради во забранетата зона околу нуклеарната централа Чернобил

Германската компанија „Нотус“ разговара со украинските власти за изградба на ветерен парк во забранетата зона околу нуклеарната централа Чернобил, пишува германската новинска агенција ДПА. Фирмата од Потсдам соопшти дека со украинскиот оператор на електродистрибутивната мрежа Укренерго потпишале писмо за намери за реализација на проектот. Двете страни договорот го потпишале за време на посетата на германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок...

Кју Анон пропаганда за сатанизација на НАТО и ЕУ

Две тези во оваа објава, онаа за „сатанското НАТО“ и онаа за „педофилската ЕУ“ премногу асоцираат на дезинформациите и пропагандата која се шири од Кремљ, a која му е посветена на Западот во обид да се оправда агресивната руска воена инвазија на Украина. Постојат минати обиди овие конспиративни заедници, кои промовираат тези комбинирани меѓу пропагандата од Кремљ и пропагандата од...

ЕУ нема да ги депортира мажите на возраст од 18 до 60 години назад во Украина

Според европскиот комесар, ЕУ нема да депортира никого спротивно на неговата волја. Тоа значи дека украинските мажи кои моментално живеат во Европа не се во ризик за присилна депортација. Исто така, ЕУ не планира да го забрани влезот на мажи од Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која...

„Сонцето на Македонија“ не може да се наоѓа на валутата на БРИКС, затоа што БРИКС нема валута

Станува збор за симболична банкнота, која рускиот амбасадор во Јужна Африка, Илја Рогачев, му ја подарил на шефот на дипломатската мисија на ОАЕ, Махаш Саид Алхамели. БРИКС – неформална група на држави која ја сочинуваат Федеративна Република Бразил, Руската Федерација, Република Индија, Народна Република Кина и Јужноафриканската Република, воопшто нема валута. Освен тоа, сонцето коешто се наоѓа во средиштето...

Mанипулaција со изјавата на Рама – Бугарија нема да ја нападне Северна Македонија

Објавата со неодредениот текстуален дел и со фотографиите намерно манипулира со изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, со цел да се претстави некаква воена закана од Бугарија кон Северна Македонија. Рама не предвидел дека такво нешто ќе се случи, туку употребил иронична шега со цел да ја спореди интеграцијата кон ЕУ на Западен Балкан и на Украина која е...

Дезинформација е дека тештата на Зеленски поседува вила во Египет

Самиот сопственик на фирмата која го поседува луксузниот комплекс во Египет, Наџиб Сауирис на Твитер објави дека е дезинформација оти Зеленски или кој било од неговата фамилија купил имот во неговиот комплекс (комплексот што го управува неговата фирма), туку дека вилата е во сопственост на египетско семејство, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на...

Напад со дрон предизвикал штета во предградија на Москва

Русија собори најмалку три беспилотни летала лансирани од Украина во вторникот рано изутринава, а кои беа насочени кон главниот град на земјата, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесува „Гардијан.“ Министерството соопштило дека системите за противвоздушна одбрана уништиле две беспилотни летала над регионите Калуга и Твер, кои се граничат со московскиот регион, како и еден поблиску до главниот град, над...

Зеленски не е син на Сорос

Таткото на Зеленски не е Џорџ Сорос туку Олександр Зеленски, професор и компјутерски научник, претседател на одделот за кибернетика и компјутерски хардвер на Киевскиот Рих Стејт Универзитет за економија и технологија. Мајката на Зеленски е Рима Зеленска, која работела како инженер. Дедото на Володимир Зеленски, Семјон Иванович Зеленски служел во армијата за време на Втората светска војна. Таткото на...

Русија ја започна војната во Украина и нејзина е одговорноста за цивилните жртви

Околу 13.000 луѓе беа убиени, од кои една четвртина цивили, а околу 30.000 беа ранети во војната во источна Украина од избувнувањето во април 2014 година до 2019 година. Дополнително, од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, заклучно со 13 август 2023 година, потврдени се вкупно 9.444 смртни случаи на цивили. Бројот на жртви...

Денот на Независноста на Украина утре ќе се одбележи и во Скопје

Украина, утре 24 Август, го одбележува Денот на Независноста, втора година по ред во услови на војна од големи размери на Русија против Украина. По тој повод Амбасадата на Украина и Здружението на Украинците „Лесја Украинка“, ќе организираат настан што ќе се одржи во центарот на Скопје од 9,45 до 10,30 часот. Во програмата на настанот за одбележување на Денот...

Зеленски во посета на Атина, се сретна со Вучиќ и Денков

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во посета на Атина, каде што се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ и со бугарскиот премиер Николај Денков. Во грчкиот главен град се одржува самитот меѓу Украина и Балканот, а истовремено се одбележува и 20-годишнината од „Декларацијата од Солун“ на Самитот ЕУ-Западен Балкан. На средбата со бугарскиот премиер Денков, претседателот Зеленски имал разговор за...

На ова видео не е Володимир Зеленски, туку аргентинскиот танчер Пабло Акоста

Повеќе странски проверувачи на факти објавија дека видеото не е од Зеленски, туку од Пабло Акоста. Тој е танчер, учител по танц и кореограф од Аргентина и самиот го објави видеото на 1 јуни , а на платформата има и неколку други негови слични видеа со танци. Ликот на Зеленски и ликот на Акоста се слични, па кога видеото...

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...