fbpx

Средба Османи-Кулеба: Украина ќе победи

Како Претседавач со ОБСЕ, ја повикувам Русија да ја прекине оваа војна и да ги повлече своите трупи од Украина. Продолжувањето на оваа војна не само што ги уништува животите, домовите и надежите на луѓето од Украина, туку создава и состојба на нестабилност, рече Османи од Украина

-

Украина и заштитата на украинскиот народ како приоритет на ОБСЕ, конкретните активности кои ОБСЕ Програмата за поддршка на Украина ги презема на терен, состојбата на тројцата припадници на ОБСЕ кои се во затвор во Доњецк и во Луганск беа дел од темите на средбата на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

Османи и Кулеба на средбата во Киев разговарале и за што може ОБСЕ дополнително да направи за поддршка на земјата која се соочува со руската воена агресија.

„Во јануари, за време на мојата прва посета на Украина како Претседавач со ОБСЕ, реков дека вашата храброст и пожртвуваност ја заслужуваат нашата најголема почит. Инспириран од вашата издржливост, денес сум уверен дека ќе победите. Украина ќе победи“, рече Османи.

Тој додаде дека Програмата за поддршка на Украина, финансирана од донатори, а која се спроведува од ноември 2022 година, ќе продолжи да ѝ помага на Украина, преку имплементација на проекти.

Османи потенцираше дека и покрај предизвиците со кои се соочува организацијата, нарушувањето на нејзините основни принципи предизвикани од воената агресија на Руската Федерација, ОБСЕ е отпорна и ќе продолжи да се придржува до основните вредности со поддршка од останатите земји-учеснички.

„Како Претседавач со ОБСЕ, ја повикувам Русија да ја прекине оваа војна, да ги повлече своите трупи од Украина, повторно да се посвети на принципите и вредностите на ОБСЕ. Продолжувањето на оваа војна не само што ги уништува животите, домовите и надежите на луѓето од Украина, туку создава и состојба на нестабилност и неизвесност низ поширокиот регион на ОБСЕ“, потенцираше Османи.

Состојбата во Украина ќе биде и една од главните теми на Министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржува во декември во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...