fbpx
Таг: Украина

таг: Украина

Русија ги обвини САД дека поттикнуваат насилство во Украина

Русија ги обвини САД дека го присилуваат Киев да продолжи со судирите на истокот на Украина. Во денешното соопштение од Министерството за надворешни работи се вели дека „Русија не изведува никаква невообичаена воена активност“. Москва, исто така, го повикува Вашингтон во целост да ја примени спогодбата за отстранување на ракетите со среден и со краток дострел. Соопштението е издадено откако американскиот Стејт департмент...

Шест повредени на ЛГБТ-маршот во Украина

Најмалку шест лица се повредени, а 25 се уапсени денеска во Киев по судирот што изби за време на „Маршот за рамноправноста“, на кој се собраа стотици членови на ЛГБТ-заедницата. Ова е втор ЛГБТ-марш организиран во Украина. Маршот почна во околу 10:40 по локално време, на брегот на реката Дњепар, во близина на центарот на Киев, под зголемено полициско обезбедување. Пред...

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Украина

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи вонредна седница по новите судири во Украина, каде се нарушува примирјето кое е на сила веќе четири месеци. Седницата ја побара Литванија откако украинскиот претседател Петро Порошенко потврди дека повеќе од 9.000 руски војници се распоредени на истокот на Украина. Официјален Киев предупреди дека постои закана да се обноват нападите на сепаратистите,...

Три цивили убиени во Украина

Две лица загинаа на истокот на Украина откако нивниот автомобил бил погоден од граната, соопштија украинските власти. Инцидентот се случил на 20 километри од линијата на фронтот. Сепаратистите во регионот на Донецк јавија дека еден цивил загинал во артилериски напад на градот Јанакиев. Дваесет куќи се уништени во нападот. Во судирот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти досега загинаа повеќе од 6.400 лица.

ММФ: Пад на украинскиот БДП за девет отсто

Украина годинава ќе има пад на домашниот бруто-производ (БДП) од девет отсто, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Априлската, а сега ревидирана процена на ММФ за економските движења во Украина превидувала речиси двојно помал пад на БДП во Украина од 5,5 отсто. ММФ очекува инфлацијата во Украина, која е економски опустошена од едногодишната војна, да достигне дури 46 отсто поради неповолниот курс...

Украина побара од Русија пониска цена на гасот

Украина бара од Русија да ѝ ја продолжи испораката на гас по пониска цена до крајот на годината, изјави денеска рускиот министер за енергетика, Александар Новак. Кон крајот на октомври, Русија и Украина, со посредство на Европската комисија, го усвоија зимскиот пакет за гас, кој истече на 31 март. Според тој пакет, Русија ѝ испорачуваше гас на Украина по пониска...

Оланд: Неопходен е притисок врз Москва и врз проруските сили

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека е неопходно да се изврши притисок врз Русија и врз проруските сили во Украина за да се почитува прекинот на огнот, постигнат во февруари. - Јасно е дека прекинот на огнот не се почитува во целост – рече Оланд пред новинарите на самитот на ЕУ за Источно партнерство во Рига. Францускиот лидер рече дека ситуацијата и...

Меркел: Враќањето на Г8 е незамисливо поради Украина

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска оцени дека враќањето на Г8, односно на Русија во групата најразвиени земји, во моментов е „незамисливо“ поради ситуацијата во Украина. Русија е исклучена од форматот Г8 по припојувањето на Крим минатата година. - Сè додека Русија не го почитува меѓународното право и не постапува во согласност со тие принципи, враќањето на форматот Г8 е незамислив –...

Европа подготвува стратегија за Македонија по примерот на Украина?

Почетокот на преговорите помеѓу премиерот Никола Груевски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја отвори дилемата дали на Македонија ќе ѝ се помогне со формирање меѓународен советодавен панел (МСП) по примерот на Украина. Таквата можност вчера ја наговестија дипломатски извори блиски до генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд. Меѓународен советодавен панел е конституиран од генералниот секретар на Советот на...

Можна помош од Советот на Европа за истрагата во Македонија

По изјавите на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, дека Торбјорн Јагланд, генералниот секретар на Советот на Европа, треба да оди во Македонија поради политичката криза, Јагланд во Брисел се огласи со кратка изјава, велејќи дека во Македонија „треба да има силна и непристрасна истрага за наводите во прислушуваните разговори, за враќање на довербата“, додавајќи дека Советот на...

Порошенко: Украина е во вистинска војна со Русија

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Украина е во „вистинска војна“ со Русија и оти Украинците треба да бидат подготвени за руска офанзива. Во интервју за „Би-Би-Си“, Порошенко рече дека не му верува на неговиот руски колега Владимир Путин, но оти нема друга опција освен да преговара со него. - Ова е навистина војна со Русија. Тоа не е конфликт со проруските...

Уапсени руски војници во Украина

Украинската војска соопшти дека уапсила двајца руски војници, кои се бореле со проруските сепаратисти на истокот на Украина. Владислав Селезнев, портпаролот на Генералштабот, изјави дека украинските безбедносни служби ги испитуваат војниците и оти се наоѓаат на пат кон Киев. Руските војници се уапсени во градот Шчастија, на самата борбена линија. Русија негира дека испраќа војници да се борат на страна на бунтовниците,...

Порошенко: Украина плаќа висока цена за договорот од Минск

Украинскиот претседател Петро Порошенко оцени дека спогодбата од Минск, која големите сили ја препознаа како единствен излез од судирите во Донбас, е само „псевдомир“, за кој Украина плаќа висока цена. - Ќе се бориме до последната капка крв – рече Порошенко во интервјуто за германската телевизија ЗДФ, додавајќи дека неговите сили прават сè за да го заштитат источниот украински град Мариупол...

Оланд: Примирјето во Украина мора да се почитува

Францускиот претседател Франсоа Оланд оцени дека е „неприфатливо“ кршењето на спогодбата за прекинот на огнот на истокот на Украина. Оланд изјавата ја даде во германскиот град Ахен, по краткиот разговор со украинскиот колега Петро Порошенко. - Постојат индикации за нови немири и тоа мораме да го спречиме – рече Оланд. Порошенко претходно разговараше со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, и...

Убиени пет украински војници

Најмалку пет украински војници се убиени, а 12 се ранети во изминатите 24 часа на истокот на Украина, соопшти портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко. Изјавата на Лисенко доаѓа неколку часа пред обновувањето на мировните преговори во Минск меѓу официјален Киев и проруските бунтовници. Четворица војниците загинале откако со оклопно возило нагазиле на мина, додека петтиот војник е убиен кај селото...

Бан Ки-мун ќе оди во Москва за Денот на победата, но ќе ја посети и Украина

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун ќе патува во Москва за да присуствува на прославата за 9 мај, Денот на победата над фашизмот, но во текот на турнејата ќе ја посети и Украина. Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дижарик, денеска рече дека планот на Ки-мун за посета на Москва уште не е целосно готов. Тој ќе присуствува на одбележување на 70-годишнината...

Пожарот кај Чернобил е ставен под контрола

Пожарот што вчера изби во близина на нуклеарната централа Чернобил во Украина, утринава е ставен под контрола, соопштија претставниците на службата за вонредни состојби. „Шумскиот пожар е локализиран и запрен. Ситуацијата е ставена под контрола. Се продолжува со активности за сузбивање и за спречување на повторно избивање на пожар“, се наведува во соопштението. Пожарот изби вчера и се прошири на околу 320...

Порошенко: Украина за пет години ќе биде подготвена за влез во ЕУ

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека неговата земја во рок од пет години ќе ги исполни условите за членство во Европска унија. Порошенко на самитот на ЕУ и на Украина во Киев истакнал дека Украина заслужува да биде интегрален дел од Унијата и дека членството во тој блок е клучната цел на неговата влада. Патот на Украина кон ЕУ беше...

Полска ќе ѝ даде воена поддршка на Украина ако ескалира ситуацијата

Шефот на полската дипломатија, Гжегож Шетина, денеска изјави дека Полска, заедно со другите земји, би можела да ја поддржи украинската војска во судирите, доколку кризата на истокот на Украина ескалира. - Не можеме да ја исклучиме можноста дека во случај да се обнови ескалацијата на воениот судир, заедно со останатите држави кои гледаат на ситуацијата како нас, ќе донесеме одлука за...

Експлозија во украинскиот град Харков

На истокот на Украина, во Харков, кој е под контрола на владините сили, во центарот на градот денеска одекна силна експлозија. Тоа е последната експлозија во серијата бомбашки напади во најголемиот град во источниот регион, под контрола на Киев. Бомбата експлодирала утринава, во автомобил „опел ес-ју-ви“, кои украинските сили ги користат во операциите против сепаратистите кои ја поддржуваат Русија, во...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...