fbpx

Шест повредени на ЛГБТ-маршот во Украина

-

Најмалку шест лица се повредени, а 25 се уапсени денеска во Киев по судирот што изби за време на „Маршот за рамноправноста“, на кој се собраа стотици членови на ЛГБТ-заедницата.

Ова е втор ЛГБТ-марш организиран во Украина. Маршот почна во околу 10:40 по локално време, на брегот на реката Дњепар, во близина на центарот на Киев, под зголемено полициско обезбедување.

Пред почетокот на маршот, околу 20 ултранационалистички активисти се собраа за да го спречат маршот, по што се судрија со полицијата.

„Маршот за рамноправноста“, кој ги поддржува правата на ЛГБТ-популацијата, се одржа, но траеше само десет минути.
Првата ЛГБТ-парада во Украина се одржа во Киев во 2013 година, додека минатата година беше откажана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...