Јолевски ќе учествува на состанокот на НАТО за мисијата „Одлучна поддршка“
25 јуни 2015
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска ќе оди во Брисел. Таму ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана од земјите кои учествуваат во мировната мисија „Одлучна поддршка“.