fbpx

Невремето им го одложи собирот на трпејчани

-

Невремето, снегот, дождот и силните ветришта, им го одложија собирот на жителите на охридското село Трпејца. На состанокот, кој беше планиран да се одржи вчера, жителите требаше да разговараат за одбрана на имотите по владината одлука за пренамена за изработка на урбанистички план за изградба на втора туристичка развојна зона.

Со одлуката се опфаќаат имоти на локалното население, дел од викенд-населбата изградена покрај Охридско Езеро, како и земјиште на Дебарско-кичевската епархија.

Состанокот е одложен за две недели.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...