fbpx

Состанок на опозицискиот блок: Малку време останува за договор за нови разговори

-

Претставниците на политичките партии од опозицискиот блок на денешниот консултативен состанок му дале поддршка на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на начинот на кој настапува во разговорите за решавање на политичката криза, но, исто така, заеднички констатирале дека „можностите за продолжување на разговорите може да се разгледуваат уште многу кратко време“, стои во заедничкото соопштение на партиите, по завршувањето на состанокот.

„Политичките партии од опозицискиот блок дадоа силна поддршка на претседателот Зоран Заев и на принципиелните позиции и ставови со кои настапува во разговорите, барајќи начин за излез од длабоката политичка криза во која се наоѓа Република Македонија. Заеднички беше констатирано дека можностите за продолжување на разговорите, на принципиелно и на рамноправно ниво, може да се разгледуваат уште многу кратко време“, се вели во соопштението.

Опозиционерите се согласиле дека преодна Влада „во која нема да учествува Никола Груевски е основен принцип за да може да се гарантираат минимални услови за организирање фер и демократски избори во земјата“.

„Само на тој начин ќе може да се стабилизираат институциите, да се нормализираат состојбите и да се вратат механизмите на контрола во општеството за конечно граѓаните слободно да ја искажат својата волја на демократски избори“, стои во дописот.

На состанкот, Заев ги информирал претставниците на партиите од опозицискиот блок за текот на лидерската средба во Брисел, а биле разменети и мислења за понатамошни активности и за дејствување на опозицискиот блок.

„Во духот на демократските принципи и вредности, консултациите ќе продолжат со граѓанските организации, граѓанските активисти и со поддржувачи, како и во рамки на самите партии“, се вели на крајот на заедничкото соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...