fbpx

Лајчак: Македонија – единствена земја во која е полошо од пред 10 години

-

Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак, во Луксембург на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, на кој се усвоија заклучоците за Македонија, за медиумите ја опиша министерската дебата за Македонија.

– Дискусијата ги покажа ставовите на членките на ЕУ. Некои целосно ја обвинуваа владата, некои велеа да им оставиме на Македонците сами да го решат проблемот. Словачка застапува поактивен пристап на ЕУ за да навлезе во процесот. Мора да се осигураме дека имаме објективна, непристрасна и независна истрага за случувањата во Куманово и за тајните снимки и да се осигуриме дека изборите се транспарентни и слободни. Исто така, по 23 години стагнација во спорот за името, има потреба од нов пристап бидејќи ова прашање ја блокира Македонија на нејзиниот трансатлантски и европски интеграциски пат. ЕУ не може да претендира да биде невин набљудувач, Македонија е едиствената земја во регионот во која е полошо од пред 10 години, не можеме да се ослбодиме од нашата одговорност како ЕУ. Меѓутоа, наместо да покажуваме со прст и да обвинуваме, навистина треба да ги решиме проблемите. Го повикавме комесарот Хан да продолжи со својот ангажман со политичките партии – изјави Лајчак за медиумите.

Министрите за надворешни на работи на ЕУ попладнево ги усвоија заклучоците за Македонија, во кои тие искажаа „длабока загриженост“, ја изразија својата поддршка за договорот од 2 јуни како основа за конечен договор и побараа трајно решение да биде постигнато до крајот на овој месец. Министрите ќе се навратат на Македонија во наредните месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...