fbpx
Таг: состанок

таг: состанок

Министерски состанок за „Агрокор“ утре во Белград

Во Белград за утре е закажан состанок на министрите за трговија и за економија на Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и на Црна Гора, на кој ќе се разговара за случајот со хрватскиот концерн „Агрокор“. На состанокот, на кој не се поканети претставници од Хрватска, се очекува да се стане збор за тоа како да се задржат работните места во...

Македонија и Грција одржаа нов состанок за мерките за градење доверба

Претставници на министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција одржаа нов состанок за мерките за градење доверба. Состанокот се одржа вчера во Солун, а разговорите ги водеа политичкиот директор на министерството за надворешни работи на Грција, Петрос Мавроидис, и заменик-министерката за надворешни работи на Македонија, Елена Кузмановска. Како што информираат од грчкото МНР, на состанокот се разговарало за...

Ахмети свика итен состанок во ДУИ за излез од блокадата во Собранието

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска свикал итен состанок на централното претседателство на кој ќе се бара излез од блокадата во Собранието, но ќе се расправа и за однесувањето на Беса. Шефот на кабинетот на Ахмети, пратеникот Артан Груби, вели дека на дневен ред ќе биде опозициската коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Беса. Груби открива дека Беса ги повлекла потписите што му ги...

Денеска состанок на централното претседателство на ДУИ

Централното претседателство на Демократската унија за интеграција за денеска закажало состанок во седиштето на партијата во Мала Речица, јавуваат медиумите. На средбата се очекува да се разговара за пораките што вчера на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му ги пренела високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, Федерика Могерини. Централното претседателство се очекува да разговара и за последната...

Кучи – Ел Шинави: Зголемување на соработката во туризмот, енергетиката и во трговијата

Министерот за економија, Дритон Кучи, денеска прими делегација од Арапската Република Египет, предводена од амбасадорката на таа земја, Манал Џеина ел Шинави. На средбата министерот Кучи и амбасадорката Ел Шинави разговарале за можностите за соработка меѓу двете држави во сферата на туризмот, енергетиката, трговијата и на минералните суровини. Министерот Кучи ја информирал египетската делегација за туристичките потенцијали на нашата земја, за...

Јанева: Уште ќе разговараме со Советот на јавни обвинители, ништо не е конечно

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и петмина обвинители од нејзиниот тим на денешната средба со членовите на Советот на јавни обвинители, дискутирале по барањето на Советот за давање увид во списите од документацијата од предметот „Пуч“. Тие, како што соопштија од Советот, се договориле ваквите средби да продолжат по потреба и во иднина. Јанева по завршувањето на состанокот, кој траеше два...

Состанок на Советот за безбедност на ОН поради ракетните тестови на Северна Кореја

Соединетите Американски Држави, Јапонија и Јужна Кореја денеска побараа итни консултации во Советот за безбедност на Обединетите нации за севернокорејското лансирање на нов тип балистичка ракета со среден до долг дострел, соопшти денеска претставник на мисијата на САД во ОН. Како што соопшти јужнокорејската војска, Северна Кореја користела систем „студено исфрлање“, каде проектилот го покрева компресиран гас. Јужнокорејската војска наведе...

Дачиќ не попушта: Дали денеска ја посетив Македонија или БЈРМ, зависи од нив

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, преку весникот „Блиц“ одговори на прашањето „дали знае во која земја доаѓа, Македонија или БЈРМ“, што денеска му беше поставено од медиумите во Скопје, откако тој неодамна рече дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото членство во УНЕСКО. Српскиот весник...

Свилановиќ: РСС ќе придонесе регионот да биде просперитетен и стабилен

„Исклучително е важно да се осигури понатамошен напредок и продолжување со реформите во регионот, бидејќи тоа се неповратни процеси кои произлегуваат од тежнеењето на државите да пристапат кон Европската Унија. Регионалниот совет за соработка (РСС) ја продолжува блиската соработка со вас, за регионот да биде просперитетен и стабилен“, изјави генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ, обраќајки се...

Во МНР почна министерскиот состанок за Западен Балкан

Шестиот неформален состанок на министрите за надворешни работи и за енергетика од Западен Балкан утринава почна во зградата на Министерството за надворешни работи, a домаќин на средбата е шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. На првата пленарна седница учествуваат министрите за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, на Косово, Енвер Хоџа, и на Србија, Ивица Дачиќ, кој неодамна, во новогодишно интервју, рече:...

Во Казахстан состанок за прекин на огнот во Сирија

Експерти од Русија, Турција, Иран и од САД почнаа технички состанок во казахстанскиот главен град Астана, на кој детално ќе се разгледа прекинот на огнот во Сирија, соопшти министерството за надворешни работи на Казахстан. - Се очекува првпат на разговорите да учествуваат и претставници од Јордан – рече портпарол на министерството. Тој додаде дека на состанокот ќе се говори за имплементација...

Состанок меѓу Путин и Трамп е можен пред самитот Г20, информира Кремљ

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да се сретне со неговиот американски колега, Доналд Трамп, пред самитот Г20 во јули. Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, изјави дека телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп во саботата поминал добро, но дека тешко може да се говори за каков било договор во врска со санкциите. - За почеток мораме да одредиме...

Ахмети: Немам одговор со кого ќе бидеме во коалиција, ги анализираме сите опции

Немам одговор со кого ќе бидеме во коалиција, ги анализираме сите опции за да ја донесеме најдобрата одлука во корист на Албанците и за сите граѓани на Македонија без разлика дали се Албанци или Македонци, Срби или Роми, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по завршувањето на средбата на членовите на партијата во седиштето во Мала Речица. Конечна одлука за коалицирање...

Во Мала Речица сè уште трае состанокот на Ахмети со потпретседателите

Состанокот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со четворицата потпретседатели на партијата, Садула Дураку, Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта, сè уште трае во седиштето на ДУИ во Мала Речица. И вечерва бројни новинарски екипи исчекуваат резултати од разговорот зад затворени врати, а засега нема никакви информации за јавноста за тоа како течат преговорите. Досега не е свикан состанок на...

Али Ахмети ги свика потпретседателите на ДУИ

Попладнево во седиштето на ДУИ во Мала Речица, се одржува состанок на највисоките партиски органи. Во партиското седиште е присутен претседателот на ДУИ, Али Ахмети, а некаде по 13 часот во седиштето влегоа четворицата потпретседатели на партијата, Садула Дураку, Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта. Според наши извори, но и според партискиот состав кој е присутен во седиштето на...

Подгответе се за поларна температура и за снег, предупредува Координативното тело за кризи

Граѓаните да бидат подготвени за период на речиси поларни временски услови со снег, замрзнат дожд и со температура која се очекува да се спушти и до минус 22 Целзиусови степени, како и внимателно да ги планираат патувањата и да не тргнуваат на пат без соодветна зимска опрема, предупредуваат од Координативното тело за справување со кризи. Според директорот на Управата за хидрометеоролошки...

Трајановски утре на состанок со општинските градоначалници за загадувањето на воздухот

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, за утре свика состанок на кој се поканети сите градоначалниците од Скопскиот плански регион, информираат од Град Скопје. Тема на состанокот, кој ќе се одржи во салата за состаноци на кабинетот на градоначалникот, ќе биде загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопскиот Регион. Група граѓани и еко-активсти в среда, во 17 часот, во Градски парк ќе...

Грција и Македонија одржаа нов состанок за мерките за градење доверба

Грција и Македонија продолжуваат со состаноците за мерките за градење доверба. Како што информира грчкото министерство за надворешни работи, претставници на двете министерства вчера во Скопје го одржале петтиот состанок за мерките со кои двете држави работат на зајакнување на довербата и на соработката. Претставниците на двете министерства се фокусирале на однапред договорени теми, како подоброто меѓусебно поврзување, зајакнување на...

По победата на Трамп, шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ свикаа состанок в недела

Министрите за надворешни работи на Европската Унија ќе одржат вонреден состанок на 13 ноември, в недела, во Брисел, за да ја проценат ситуацијата по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Шефовите на европските дипломатии ќе се состанат на „неформален“ вонреден состанок за да дискутираат за понатамошните односи меѓу ЕУ и САД. Во соопштението од германското министерство за надворешни работи...

Бугарија: Во Црно Море неопходно е присуство на НАТО, а не на одделни држави

Бугарија настoјува решението за дополнително воено присуство во Црно Море да биде на НАТО, а не на одделни држави. Министерот за одбрана на Бугарија, Николај Ненчев, соопшти дека очекува до декември Бугарија и Романија да ги дефинираат своите позиции околу ова прашање, јави агенцијата БТА. „Јас сум против да влегуваме во преговори со Романија и со Турција за ова прашање. И...