fbpx
Таг: Охрид

таг: Охрид

УСАИД спроведе работилница за презентација на дигитални сликовници

Американската агенција за меѓународен развој - УСАИД, во соработка со Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, во основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, спроведе работилница за презентација на дигитални сликовници. Преку работилницата, која е дел од проектот „Со читање до лидерство“, презентирани се околу дваесеттина дигитални сликовници, кои можат да се користат во наставата по повеќе предмети....

Охриѓанец со нож расчистувал сметки во кафуле

Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот И.Р. од Охрид, поради сомнеж дека сторил обид за тешка телесна повреда. На 23 ноември, пријавениот, со неколку убоди со нож во пределот на десната препона и на левата надколеница, му нанел телесни повреди на Б.Р., исто така од Охрид. Настанот се случил околу 23 часот, во угостителскиот објект „Ноа“. Пријавениот И.Р....

Пет дена прослава во спомен на заштитникот на Охрид – свети Климент Охридски

Охриѓани годинава дури пет дена ќе слават во спомен на заштитникот на градот - свети Климент Охридски. Манифестациите ќе почнат в четврток, 4 декември, а ќе завршат на денот на патронот – 8 декември, со свечената академија. Програмата предвидува уште и бројни изложби, промоции на книги, свечени приредби на учениците, атлетски крос, а ќе се реализира и манифестација „Сите кон Свети...

Охриѓани лете работат, зиме се рашетуваат

Сандански, Банско и Боровец во Република Бугарија се центрите кон кои охриѓани ќе гравитираат оваа зима. Не е помала заинтересираноста и за зимските аранжмани за Копаоник, Златибор и за Стара Планина во Република Србија. Оние со подлабок џеб, оваа зима ќе заминат во ексклузивните зимски центри во Швајцарија, Австрија, Франција, Италија и во Словенија. Охриѓани се заинтересирани и за...

Вечерва, трета премиера на охридскиот Народен театар – „На дното“ по текст од Горки

Охридскиот Народен театар, вечерва, со почеток во 20 часот, пред љубителите на драмската уметност излегува со нова премиера - претставата „ На дното“ по текст од Максим Горки, а во режија на Кирил Петрески. Претставата ќе се одржи во подрумскиот простор на Центарот за култура „Григор Прличев“. Во претставата ќе настапат: Јасмина Билаловиќ, Биљана Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Павел Маслов, Горан Стојаноски...

За Водици, во Охрид ќе пее Жељко Јоксимовиќ

В четврток, на 4 декември, на свечена седница на здружението на граѓани „Богојавление“, треба да биде објавен новиот годинашен кум на Водици и на богојавленските празници, во јавноста познатата манифестација – фрлање на свет крст во водите на Охридско Езеро. Дотогаш, до црковниот празник Митровден, тече конкурсот за избор на кум на Водици 2015, манифестација што охриѓани ја организираат...

Ќе се урива Мостот на желбите во Охрид

Мостот наречен Желби, подарок од Велија Рамковски, ќе биде срушен и на негово место, државата ќе гради нов, по нова траса и нешто подоллг. Наместо од кај црквата „Св. Софија“, новата пешачка патека овојпат треба да тргне од градското пристаниште во Охрид и да стигне до плажата Потпеш и до населбата Канео. Според најавите, треба да биде изградена до...

Иванов: На овој свет му требаат лидери

Живееме во свет во којшто сосема поинаку функционираат политиката, економијата, безбедноста и комуникациите и во тој свет се потребни лидери кои ќе знаат да носат одлуки, истакна претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, пред учесниците на денешната Конференција за млади лидери, посветена на предизивиците и на можностите за балканското лидерство, која се одржува во Охрид. - Бидете креативни, создавајте иновативни идеи,...

„О2“, нова регионална телевизија со седиште во Охрид

Од синоќа, со емитувањето на првиот ТВ-дневник во етерот, зрачи нова регионалната телевизија „О2“, чие седиште е во Охрид. Директорот на телевизијата, Николче Милески, појаснува дека „О2“ ги има сите технички предуслови и студиско-теренска техника која е врв во мигот на нашиве простори. Тимот го сочинуваат млади и образовани новинари и технички персонал, кој мина низ процесот на обука и...

Концерт на дубровничкиот хор „Либертас“ во Охрид

Дубровничкиот Мешан хор „Либертас“, вечерва, со почеток во 19 часот, ќе се одржи бесплатен целовечерен концерт во Католичката црква во Охрид. Хорот ќе изведе композиции од духовната и од оперската музика. Мешаниот хор „Либертас“ е важен дел од богатото културно живеење на градот Дубровник и е основан во 1980 година. Концертот е дел од богатата македонско-хрватска културна агенда.

Општинскиот секретар Спасески бара 5.000 евра од советникот Блажески

Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески, со тужба за навреда и за клевета, бара 5.000 евра од членот на Градскиот совет, Дејан Блажески, кој е и претседател на општинската организација на ЛДП, но и член на највисокото партиско раководство во Скопје. Советникот Блажески, преку советничко прашање на седница на Советот на Општината, но и со соопштение од прес-конференција, наведе Спасески, го...

Студентите и учениците од Охрид на трибина за пристап до јавни информации

Студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ и ученици од општинските средни училишта беа дел од работилница посветена на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, која се одржа денеска во општина Охрид, објавува „Охрид њуз“. На работилница што ја организираше Мисијата на ОБСЕ, претставници од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите...

Перспективите на Општина Дебрца, македонскиот Неум

Општина Дебарца, според територијата (425, 39 километри квадратни) е една од поголемите во земјата. На исток почнува од превојот Пресека, се граничи со Кичево. На југоисток се граничи со Демир Хисар, на северозапад со Струга, додека на запад со општина Охрид. Со еден мал тесен појас, допира до Охридско Езеро, што на шегаџиите им даде за повод да ја...

Иџет Мемети: Се подобрува заштитата на фундаменталните човекови права

Народниот правобранител, Иџет Мемети, оценува дека се подобрува заштитата на фундаменталните човекови права, како и неговата комуникација со извршителите, но истакнува дека граѓаните сè уште имаат проблеми со банките, како и со избирачкото право. - Во нашиот систем има голем број права, особено во делот на социјалата, кои извршителите не смеат, во согласност со законот, да ги зафаќаат. Понекогаш, од незнаење...

Локалната власт не се откажува од идејата за пристаниште во Студенчишко блато

Локалната власт во Охрид, и покрај отпорот на поголемиот дел од пошироката јавноста и жестоките критики на стручњаците, не се откажува од идејата за изградба на пристаниште во Студенчишкото блато. Паралелно со замисленото пристаниште, треба да се гради и нова современа плажа, на потегот меѓу Студенчишкиот мост и комплексот „Инекс – Горица“. Сè уште нема детали дали е тоа истиот простор...

Општина Охрид: Имаме целосна доверба во органите на прогонот

Истовремено, трибината ќе биде искористена за анализа на состојбите во Охрид
Од локалната самоуправа во Охрид, преку соопштение, денешната прес-конференција на претседателот на ОО на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, ја оценуваат како обид „преку изнесување небулози во негов стил, да се оправда пред охриѓани за злоделата што му ги направи на Охрид“. „Фактите кажуваат, а и охриѓани знаат дека во периодот кога Вие бевте заменик-градоначалник на општина Охрид, таа и јавните претпријатија се...

Во приведувањето на Петрески, од СДСМ гледаат политички прогон и монтиран судски процес

Во врска со приведувањето на поранешниот градоначалник на Општина Охрид, Александар Петрески, член на највисокиоот партиски орган – ЦО на СДСМ, попладнево, со прес-конференција, се огласи општинското раководство на партијата. Пораките ги испорача претседателот на локалниот разгранок и пратеник во оставка, Томислав Тунтев, кој упати прашање до власта: дали ѝ треба нов политички прогон со монтиран судски процес за одвлекување...

Петрески и соработниците лапнале милиони евра во коруптивни зделки (ВИДЕО)

Истрагата на полицијата за случајот „Јагула“, како што информираат од МВР, открила сложена мрежа на коруптивни зделки поврзани со постапки за јавни набавки, за кои се осомничени поранешниот градоначалник на Охрид, негови блиски соработници и управители на фирми. Според информациите на МВР, осомничените во периодот од 2007 до 2013 година, го оштетиле буџетот на Општината за сума од 785.000 евра. Групата,...

Во „Јагула“ приведени 14 лица како соработници на Петрески, по двајца се трага

Во акцијата на МВР, со оперативно име „Јагула“, приведени се 14 лица, а по две се трага за криминални дејства со кои му нанеле штета на буџетот на Општина Охрид во периодот од 2007 до 2013 година, соопшти Министерството за внатрешни работи. Кривични пријави се поднесени против 16 лица за кривични дела злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, перење пари, фалсификување деловни...

Приведен поранешен градоначалник на Охрид

Поранешен градоначалник на Охрид утрово е приведен во Скопје, неофицијално дознава агенцијата „Мета“ од полициски извори. Приведувањето, како што дознаваме, се доведува во врска со злоупотреба на службена положба, незаконско делење тендери и со сомнителни бизниси. Сумата на злоупотребени парични средства, која неофицијално се наведува, е околу два милиони евра. Заедно со поранешниот градоначалник е приведена и поголема група негови соработници. Полицијата...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...