Петрески и соработниците лапнале милиони евра во коруптивни зделки (ВИДЕО)

-

Истрагата на полицијата за случајот „Јагула“, како што информираат од МВР, открила сложена мрежа на коруптивни зделки поврзани со постапки за јавни набавки, за кои се осомничени поранешниот градоначалник на Охрид, негови блиски соработници и управители на фирми.

Според информациите на МВР, осомничените во периодот од 2007 до 2013 година, го оштетиле буџетот на Општината за сума од 785.000 евра.

Групата, како што е утврдено во досегашната истрага, за себе незаконски присвоила околу 2,4 милиони евра, од кои 37.000 евра, според пријавата, присвоил Петрески. Покрај тоа, групата е осомничена дека испрала, односно пуштила во легален промет околу 261.000 евра, а поранешниот градоначалник се товари и дека примил поткуп од две лица во вкупна сума од 12.000 евра.

Според полицијата, на фирми и на физички лица, кои биле блиски до групата и имале привилигиран статус како доверители, им бил исплатен износ од 29 милиони евра, додека останатите доверители на кои Општина Охрид им должела пари, заради што била блокирана сметката на Општината, се оштетени за вкупна сума од околу 14 милиони евра.

Со фиктивни договори за пренесување на побарувања, првоосомничениот Петрески, според полицијата, овозможил исплата на вкупно 105.000 евра за наводни долгови, кои „Сидро градба“ и „Ташма градба“ ги имале кон повеќе фирми, со кои инаку воопшто не соработувале.

Против осомничените е поднесена кривична пријава за повеќе дела, почнувaјќи од злосторничко здружување за кое е предвидена казна затвор од една до пет години, злоупотреба на службена положба и овластување, дело за кое законодавецот предвидел од една до 10 години затвор, доколку станува збор за поголема имотна корист или штета, потоа перење пари, кое се казнува од една до 10 години затвор, оштетување или повластување на доверители, за кое е предвидена казна до пет години затвор или од една до 10 години, доколку станува збор за голема имотна штета, фалсификување или уништување на деловни книги, со казна затвор до три години, и примање поткуп, за кое казната е од една до 10 години.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...