fbpx

Светските лидери на Генералното заседание на ОН

-

Околу 160 светски лидери денеска ќе присуствуваат на 70. заседание на Генералното собрание на ОН, на кое поради јубилејот присуствуваат голем број претседатели, кралеви и премиери.

Свое обраќање ќе имаат претседателите на САД, Барак Обама, на Русија, Владимир Путин, на Кина, Кси Ѓинпинг, на Иран, Хосни Рохани, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, како и македонскиот премиер Никола Груевски.

Генералната дебата ќе ја отвори генералниот секретар на ОН, а по него ќе говорат претседателите на Бразил и на САД. Главни теми годинава се окончувањето на војната во Сирија, спротиставувањето на екстремизмот на Блискиот Исток и во Африка, соочувањето со големиот бран бегалци од Сирија, Ирак, Јемен и од Авганистан.

На маргините на самитот се одржуваат стотина билатерални средби, а со особено внимание се очекуваат разговорите на Обама и на Путин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...