fbpx

Свечено врачени наградите „13 Ноември“ за 2017 година

-

Синоќа, во Македонската опера и балет, се одржа свеченоста по повод одбележување на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, на која градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на годинешните добитници им ги врачи наградите „13 Ноември“ за 2017 година.

– Денеска одбележуваме 73 години од ослободувањето на градот од фашистичките окупатори, победа којашто со пожртвувана борба ја извојуваа врз посупериорниот противник, генерациите коишто го почнаа градењето на самостојната држава во која нејзините граѓани ќе ги остваруваат своите идеали. Знам дека граѓаните на Скопје избраа живот во модерна Европа, но знам дека овој град е со многу предизвици и јас сум свесен за предизвикот кој го имам пред мене, загадувањето е секако најголемиот, но има и многу други проблеми и во инфраструктурата, урбанизмот, зеленилото…Но, заедно со мојата администрација сме подготвени да инвестираме во заедничката иднина на Скопје и да го направиме функционален град – рече Шилегов.

Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2017 година се Хаки Имери и Горан Кондов за наука, Јадранка Клисарова за образование и воспитание, Димитар Башевски и Пунторие Муча Зиба за култура и публицистика, Васил Атанасов и Стефан Хаџи-Николов за уметност, Раде Илиевски и Жан Митрев за здравствена заштита и хуманитарната активност и Чедомир Јаневски и Атанас Николовски за спорт.

Матурантите договараат ресторани за прослава, но и учат за матурскиот испит

Откако наставата се нормализира во последниве недели после лажните дојави за бомби, матурантите се подготвуваат за претстојните прослави, но и за полагање на испитот на зрелоста. Годинава за прв...
Download Best WordPress Themes Free Download
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
download udemy paid course for free
download coolpad firmware
Free Download WordPress Themes
online free course