fbpx

Студија: Злоупотреба на деца под закрила и на Евангелистичката црква

Авторите на студијата се независни експерти кои ги опишаа откриените дела како „само врвот на ледениот брег“. Со други зборови, тие претпоставуваат дека има многу повеќе нерасчистени кривични дела за сексуална злоупотреба

-

Сексуалната злоупотреба на деца во Германија под закрила на црквата најмногу се поврзувала со Католичката црква. Студијата објавена вчера сега силно ја инкриминира и Евангелистичката црква, каде најмалку 1.259 свештеници и друг персонал се обвинети за такви злосторства, објави германската новинска агенција ДПА.

Авторите на студијата се независни експерти кои ги опишаа откриените дела како „само врвот на ледениот брег“. Со други зборови, тие претпоставуваат дека има многу повеќе нерасчистени кривични дела.

Испитани се 2.225 случаи, а експертите проценуваат дека во нив биле вклучени вкупно 3.497 сторители.

Истражувањето беше започнато во 2020 година и финансирано со 3,6 милиони евра од самата Евангелистичка црква на Германија, со цел да се анализира црковната структура, насилството и злоупотребата на моќта. Евангелистичката црква има околу 19,2 милиони верници.

Експертите немале пристап до личните податоци на свештениците, туку до документите, како што се дисциплинските постапки.

Досега жртвите на сексуално насилство можеа да бараат отштета, која според Црквата се движи од 5.000 до 50.000 евра. До крајот на 2022 година поднесени се 858 барања.

Бројот на тие случаи не е директно споредлив со злоупотребите во Католичката црква.

Според студијата од 2018 година која истражувала речиси 40.000 поплаки помеѓу 1948 и 2014 година, 1.670 свештеници и ѓакони биле обвинети за сексуално злоставување на 3.677 деца и адолесценти.

Авторите на новата студија ги истражувале злосторствата не само на свештениците и ѓаконите на Евангелистичката црква, туку и на сите на платниот список, како што се учителите, црковните музичари и други. Сега се очекува да се појават уште повеќе жртви, пишува ДПА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.