fbpx

Студ го парализира источниот дел на САД

-

Големиот снег и студот го парализираа источниот и централниот дел на САД, каде повеќето згради на централните власти денеска се затворени во Вашингтон, во очекување на нов поларен бран.

Вашингтон денеска осамна со снег поради што е забавен сообраќајот, додека многу министерства се затворени.
Снежната бура Октавија, која го зафати источниот американски брег, донесе ниска температура која погоди околу 50 милиони Американци, а околу 1.800 летови се откажани.

Метеоролозите најавија дека новиот студен бран ќе пристигне утревечер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...