fbpx

Ставрески дојде во Охрид со пакет од два милиони евра

-

Потпретседателот на владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, денеска во Охрид најави поддршка од два милиони евра од Светска банка и од Владата за реконструкција и за изградба на повеќе локални улици во Охрид.
Ќе се уредуваат значајни сообраќајници во главниот туристички центар, кои ќе го намалат метежот во градот, особено во летниот период. На шест улици, важни сообраќајни артерии, во должина од пет километри, комплетно ќе се замени асфалтот, ќе се уредуваат тротоарите и атмосферската канализација.

– Овие капитални инвестиции не се единствените што ќе се реализираат во делот на инфраструктурата во Охрид. Очекувам за околу една година од сега да се направи студијата за изградба на патот до Пештани, изградба на болницата „Свети Еразмо“, универзитетксиот комплекс – рече Ставрески.

Ставрески вети уште еден милион евра за нови проекти за Охрид, што ќе овозможи градоначалникот успешно да ги заврши проектите така како што е ветено.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, најави изградба на два нови кружни тека на булеварот Туристичка.

– Ќе биде реконструиран и патот до Елешец, Елшани и улицата Илија Смически во село Лескоец, а од истите овие средства ќе бидат набавени и пет најсовремени возила за потребите на „Охридски комуналец“ – рече Бакрачески.

Бакрачески денеска излезе со отчет пред граѓаните, одбележувајќи две години од функцијата. Рече дека направиле и реализирале многу, но и дека ќе продолжи со истото темпо во насока на подобрување на животот на граѓаните на Охрид.

– Кога ја баравме довербата од охриѓани, за возврат им ветивме дека чесноста, одговорноста, посветеноста, транспарентноста и отченоста во работата ќе бидат препознатлив знак на нашето секојдневие. Исплативме 491.523.721 денари од обврските по сите основи, а вкупниот долг денес е намален за повеќе од 175 милиони денари. Ако се погледне денешната состојба на јавните претпријатија, таа низ бројки ни ја дава следнава слика: ЈП „Охридски комуналец“ за последниве две години има исплатено 26.073.176 денари, врз основа на главен долг, законски затезни камати и заостанати плата. Во МЈП „Проаква“ загубата е намалена за 28.133.000 денари, што зборува за огромните напори на менаџментот за стабилизирање на препритијатето и во иднина – работа со добивка – рече Бакрачески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...