fbpx

ССНМ: Полицијата не ги заштити новинарите

-

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници реагира на насилните и брутални методи применети врз новинарите, снимателите и фоторепортерите од полицијата во текот на демонстрациите пред Владата, со што беа оневозможени да ја извршуваат својата работа.

„Во обид да ги потисне демонстрантите, полицијата не само што не ги заштити новинарските екипи, туку ги третираше како легитимна цел, непризнавајќи им ги новинарските легитимации. Нашите колеги беа потиснувани, влечени, газени и само нивната присебност спречи да бидат и тие жртви на полициската бруталност“, се вели во реакцијата на ССНМ.

Од синдикатот информираат и дека членови на ССНМ биле сведоци дека новинарските екипи биле попречувани да ги снимат и регистрираат тепањата и повредените демонстранти. Од ССНМ сметаат дека за таквото однесување на полицијата кон новинарските екипи, директно се одговорни првите луѓе на МВР и најави дека за ваквиот однос на полицијата ќе ги извести Меѓународната и европската федерација на новинарите, Комитетот за заштита на новинарите и сите релавантни еснафски здруженија во светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...