fbpx

Спортска недела во „Борис Трајковски“

-

Ослободувањето на Скопје и оваа година ќе биде прославено со спортски активности, кои веќе традиционално се одржуваат во СЦ „Борис Трајковски“.

Под покровителство на центарот, а со помош од Град Скопје и од Општина Карпош, СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на традиционалниот турнир во ватерполо, интернационалниот пливачки натпревар и на турнир во хокеј.

– На наше огромно задоволство, и оваа година СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде дел од прославата на 13 Ноември, со натпреварувања во неколку области. Пливачкиот турнир ќе биде од меѓународен карактер и на него се очекува број од околу 250 натпреварувачи од различни држави. Меѓународен карактер ќе има и турнирот во хокеј, на кој ќе учествуваат тимови од Грција, Бугарија и од Србија. Конечно, во програмата е вклучен и ватерполо-турнир, кој ќе биде во организација на пливачкиот клуб Бета. Идејата е 13 Ноември повторно биде убав повод за спортски активности од меѓународен карактер, преку кои се афирмира спортот и спортското живеење – изјави Златко Перински, директор на СЦ „Борис Трајковски“.

– Како помагатели на неделата на спорт, со која ќе биде одбележан празникот 13 Ноември во СЦ „Борис Трајковски“, ни претставува чест што ќе овозможиме на спортистите, но и на граѓаните вистинско спортско уживање. Меѓународниот карактер на турнирите само дополнително го засилува впечатокот дека на овој начин и со организација на ваков тип активности, се работи единствено во насока на промоција на спортот и спортскиот живот во целина. Oпштина Карпош е секогаш вклучена во активности што го промовирааат спортот и спортскиот начин на живот. Наш приоритет се здравјето и здравите животни навики, кои спортот несомнено ги промовира – порача Сашо Лазаревски, претседател на Советот на Општина Карпош, која, заедно со Градот Скопје, ги помага овие спортски денови.

Пливачкиот турнир ќе се оддржи на 8 и на 9 ноември и ќе биде од меѓународен карактер. Втора година по ред, овој меѓународен пливачки митинг во организација на Бета, ќе биде домаќин на 250 натпреварувачи од четири возрасни категории.

Традиционалниот турнир во хокеј, пак, ќе се оддржи на 15 и на 16 ноември, а на него ќе настапат тимовите на Ираклис (Грција), Црвена звезда (Србија), Спартак (Србија) и тимот на Металург, кој воедно е и домаќин на настанот.

Во состав на неделата на спортот во чест на празникот 13 Ноември, од 6 до 8 ноември ќе се одржи и традиционалниот „Златен гонг“, на 11 ноември е предвидено одржување на турнир во пинг-понг, а за 12 ноември е предвидено одржување на кугларскиот турнир.

Деновите на спорт во СЦ „Борис Трајковски“ ќе завршат на 16 ноември, со традиционалниот турнир во хокеј.

Термини на натпреварите во хокеј:

сабота, 09:00  Спартак – Црвена Sвезда

сабота, 11:00  Ираклис – Металург

недела, 09:00 – натпревар за трето место

недела, 11:00 – финален натпревар

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...