fbpx

Спасовски со партиските лидери на координација за корона вирусот, „Ало докторе“ станува жешка линија

-

Премиерот Оливер Спасовски денеска ќе ги собере на средба претседателите на партиите на координација во врска со ситуацијата со корона вирусот КОВИД-19., соопшти Владата.

Се очекува една од главните точки да биде можното одложување на изборите поради страв од ширење на вирусот при гласањето.

Инаку, Владата вчера усвоила повеќе препораки од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и соопшти неколку мерки и препораки.

Покрај препораките од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство е задолжено телефонскиот број на службата „Ало докторе“ да го пренамени во жешка линија за одговори и информации за новиот корона вирус.

Министерството за внатрешни работи ќе ги зајакне контролите на граничните премини, сите воспитно образовни институции ќе мора да воведат ротационо дежурство за да ги издаваат потребните документи на родителите што ќе бидат дома со своите деца додека трае принудниот распуст за градинките и училиштата, а ќе прекинат со работа библиотеките, студентските и ученичките домови во следните 14 дена, а вработените во нив нема да одат на работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...