fbpx

Спасовски: Една од клучните битки е справувањето со лажните вести

Тој рече дека, за граѓаните да се чувствуваат безбедно од лажните вести, институциите мора да работат на достигнување целосна транспарентност и отчетност

-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за порталот „Журнал“ а во однос на тоа колку граѓаните се запознаени со лажните вести и кои се последиците од нив, рече дека лажните се вести се еден од посериозните предизвици на новото време.

„Една од клучните битки е справувањето со лажните вести. Владата направи акциски план за справување со дезинформациите и нападите врз демократијата на системско ниво со цел да се зајакне националната безбедност и сигурноста на граѓаните. Секако дека за ова разговаравме многу со медиумите, со невладниот сектор. Многу е важно да се подигне јавната свест во однос на заканите од лажните вести и секако дека ние како институција, се трудиме максимално да се спротивставиме. Најдобриот одговор на лажните вести е да ја пласирате вистината и информациите навремено“, потенцираше министерот Спасовски.

Тој рече дека, за граѓаните да се чувствуваат безбедно од лажните вести, институциите мора да работат на достигнување целосна транспарентност и отчетност.

„Нашите партнерства и со Европската Унија и како земја член на НАТО имаме и задача одлучно да се справуваме со лажните вести и дезинформациите коишто предизвикуваат сериозни нарушувања на општествените текови генерално“, рече Спасовски.

Во однос на тоа што прави МВР за заштита од хибридните и сајбер заканите, Спасовски образложи дека министерството има исклучително организирана меѓусекторска соработка на размена на податоци.

„Морам да кажам дека протоколот за процена на сериозноста на хибридните закани што беше донесен во изминатиот период даде многу голем резултат во справувањето пред се со хибридните закани, со електронските дојави со сето она што може да го наруши безбедносниот систем. Секако дека многу е важна критичната инфраструктура во државата и за тоа треба да бидеме свесни и подготвени и институциите и граѓаните. Во овој дел нашиот сектор за компјутерски криминал е носител во оваа борба со ваквите електронски напади презема низа на мерки и активности, сè со цел да влијаеме и превентивно и репресивно“, изјави Спасовски.

Статистички, во изминатите пет месеци во делот на компјутерскиот криминал биле регистрирани 112 кривични дела за коишто кривично се пријавени 65 сторители, а причинетата материјална штета во овие кривични дела изнесува околу 31,9 милиони денари и е зголемена за околу 6,4 пати во однос на лани кога изнесувала околу 5 милиони денари.

Спасовски рече дека МВР во наредниот период ќе биде носител на активности за изготвување на Националната стратегија за компјутерски криминал, а од страна на работна група координирана од Министерството за информатичко општество и администрација, веќе е изработена Националната стратегија за сајбер безбедност 2023-2027 која што има и Акциски план.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...