fbpx

Советот за безбедност ја усвои резолуцијата за ставање крај на финансирањето тероризам

-

Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно ја усвои резолуцијата за зајакнување на борбата против финансирање терористички организации, подготвена од Русија и од САД.

Нацрт-резолуцијата се повикува на поглавјето седум од Повелбата на ОН, што значи дека Советот за безбедност го прогласил финансирањето за закана на меѓународниот мир и безбедност, така што сите држави се обврзани да ги исполнат мерките пропишани во документот.

Државите, пред сè, мораат итно да го замрзнат средствата и другите финансии или економски ресурси на лица, групи, компании и на организации, кои ќе се најдат на црната листа на Советот за безбедност.

На означените лица или структури мора да им се забрани влез во државите или минување низ нив.

Земјите, исто така, се обврзани да го спречат непосредните или посредните испораки на оружје на овие лица.
На црната листа се најдоа Исламска држава и Ал каеда, што значи дека Советот за безбедност не ја смета ИД за разгранок на Ал каеда.

ИД со резолуцијата е прогласена за самостојна терористичка закана.

Санкциите ќе бидат проширени и на тие што учествуваат во финансирање и во планирање активности на ИД и на Ал каеда, испорака, продавање или предавање оружје и други средства на овие организации, како и на тие што вршат врбување за терористички групи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...