fbpx

Сончево и топло со температура до 39 степени

-

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Попладне во планинските предели ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 32 до 39 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе преовладува сончево и потопло време, со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 37 степени.

Дневната температура во вторник и в среда повторно ќе надмине 40 степени, а од четврток се очекува намалување на дневната температура за околу пет степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...