Софтверот „Е-Инспектор“ ќе ја елиминира субјективноста при инспекциските надзори и контроли

-

Започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, изјави на денешната прес-конференција заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Николовски посочи дека за ова дигитализирано и силно оружје во борбата против корупцијата веќе се обезбедени лаптопи, неопходни за дигитално спроведување на надзорите и контролите за трите клучни инспекторати – Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и за Државниот управен инспекторат.

„Со овој систем значително се елиминира човечкиот фактор и субјективниот пристап при инспекциските надзори и контроли. Целокупниот процес од распределба на надзорите и контролите, генерирање на записници, до крај до издавање на решенија, ќе биде електронски, со што човечкиот фактор е целосно изземен. Инспекторот не може сам по свое лично убедување да одлучува во кој објект ќе изврши надзор или контрола. Одлуката ќе ја генерира софтверот, кој врз основа на базата на податоци, автоматски ќе ги определува субјектите, фирмите на високо, средно и нискоризични, и автоматски ќе планира надзори кај високо ризичните субјекти“, рече вицепремиерот Николовски.

Директорката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска – Грашкоска, појасни дека овој софтвер за почеток ќе го користат 3-те инспекциски служби кои имаат најголем број на субјекти на надзор и од приватниот, но и од јавниот сектор, а тоа се пазарната, трудовата и управната инспекција.

Таа нагласи дека вонредните надзори кои ќе се вршат од страна на овие три инспекциски служби ќе бидат водени преку системот „Е-инспектор“ до крајот на годинава, а од јануари 2022 година инспекторите ќе отпочнат да ги водат и редовните надзори.

„На овој начин, во иднина, со полнење на базата на податоци со информации за субјектите на надзор добиени од претходните надзори, во смисла дали и кои законски обврски ги исполниле или не ги исполниле, системот ќе биде во можност да ги класифицира субјектите на надзор на високо, средно и нискоризични субјекти и во зависност од степенот на ризик соодветно автоматски ќе се планираат надзорите“, изјави директорката Филиповска-Грашкоска.

Во 2022 година ќе се отпочне со доразвивање на софтверот со цел да се овозможи пристап и на уште 13 државни инспекторати, а за 2023 година се планира пристап и за сите преостанати инспекциски служби.

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои...

Уредниците на Јунајтед Медиа со апел до меѓународната јавност по ненадејната смена на раководството

Вработените во Јунајтед Груп синоќа биле известени преку корпоративно писмо дека основачот на компанијата и претседател на Советодавниот одбор, Драган Шолак, како и извршната директорка Викторија Боклаг, се разрешени од своите...

Кривична постапка против скопјанец кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против 32-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ согласно член 297 став 1 од Кривичниот...

Трамп му се закани на иранскиот лидер, побара „безусловна капитулација“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот упати жестоки закани до иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека е „лесна мета“ и дека „трпението на САД се истрошува“, притоа барајќи од Техеран...

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица,...