среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: софтвер | 29 резултати

Компанијата зад „ChatGPT“ лансираше алатка за откривање на текст генериран со вештачка интелигенција

февруари 1, 2023

Компанијата „ОпенАИ“, креатор на популарниот чет-бот ChatGPT, лансираше софтверска алатка која се обидува да направи разлика помеѓу текст напишан од човек и текст генериран од вештачка интелигенција (ВИ), меѓу кои и текстови произведени од нивните сопствени модели „ChatGPT“ и „GPT-3“. „Класификаторот за Вештачка интелигенција“ е јазичен модел обучен на база на податоци од парови текст […]

Скопска Апелација го укина притворот на Драги Рашковски и Трајко Вељаноски

февруари 3, 2022

Апелацискиот суд – Скопје вчера донесе одлука да ги укине куќните притвори на Драги Рашковски и на Трајко Вељаноски. Поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски ќе имаат обврска да се јавуваат во судот секој прв работен понеделник во месецот, а одземени им се и патните исправи и […]

Софтверот „Е-Инспектор“ ќе ја елиминира субјективноста при инспекциските надзори и контроли

ноември 22, 2021

Започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, изјави на денешната прес-конференција заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Николовски посочи дека за ова дигитализирано и силно оружје во борбата против корупцијата веќе се обезбедени лаптопи, неопходни за дигитално спроведување на надзорите и контролите за трите клучни инспекторати […]

Софтвер „лови“ политичари кои се занимаваат со мобилните телефони за време на седница

јули 13, 2021

Најновиот изум на Дрис Депуртер, дигитален уметник од Белгија, предизвика бес и реакции во јавноста откако почна да ги „лови“ лошите политичари кои за време на седница, наместо да работат, се занимаваат со нивните мобилни телефони. Неговиот софтвер наречен „The Flemish Scrollers“ (Фламански прелистувачи) користи фацијално препознавање за автоматски да ги обележи политичарите во белгиската […]

Оливер Деркоски и уште тројца од ДИК добија обвинение за набавка на софтверот кој беше цел на хакерски напад

мај 4, 2021

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) поднесе Обвинителен акт против поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски, како и против тројца вработени во ДИК и еден управител на економски оператор. Се товарат за незаконски набавки на софтверот на ДИК, кој потоа беше цел на хакерски напад и беше […]

Обвинителството влезе во ДИК, ќе утврдува дали имало криминал при набавката на софтверот

јули 28, 2020

Во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска по допрен глас влезе Основното јавно обвинителство за организиран криминал, за да утврди дали имало кривично дело при спроведувањето на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција. При извршениот претрес е одземена тендерската документација, со која треба да се утврди дали се почитувани законските постапки при […]

Според „ДУНА“, апликацијата функционирала беспрекорно, сајтот на ДИК бил предмет на напад

јули 16, 2020

Од компанијата „ДУНА“, која што ја изработи апликацијата за следење на гласовите и изборните резултати, тврдат дека нивната апликација функционира најнормално и била подготвувана повеќе од половина година, со низа технички специфичности кои ги немало досега и била изработена по барање на Државната изборна комисија (ДИК). – Таа беспрекорно даваше резултати за излезноста на секои […]

„МАИКА“ – бесплатна алатка која гласовно чита текст на македонски јазик

мај 19, 2020

МАИКА е бесплатна алатка која пишаниот текст на македонски јазик го претвора во говор. Алатката е изработена од тимот на „Emit Knowledge“. Инспирација за создавањето на оваа алатка, како што велат од тимот, е да се остави наследство за следните генерации, со цел да се зачува и збогати македонскиот јазик, но и да се помогне […]

Пентагон и во македонските безбедносни системи нашол докази за руски сајбер напади

август 23, 2019

Пентагон, односно американското министерство за одбрана, во 2018 година, во три земји – Украина, Црна Гора и Македонија – испратило тимови со експерти на сајбер безбедносната команда (Cyber Command teams), пишува „Вашингтон пост“. Според американскиот весник, тимовите влегле со дозвола на владите во тие земји и оперирале „внатре во нивните мрежи за да го пронајдат […]

Компјутерска софтвер програма неселективно ќе им го враќа ДДВ на фирмите

јануари 4, 2019

ИТ Секторот на Управата за јавни приходи (УЈП) развил компјутерски софтвер кој автоматски ќе прави поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници, соопшти денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски ја посетија Регионалната дирекција на УЈП во Скопје. Според министерот […]

Рочиштето за „Тарифа“ прекинато, откако му се слоши на сведок, следното закажано за 1 март

февруари 13, 2018

Судијката Софче Гаврилова Ефремова го прекина денешното рочиште за случајот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој првообвинет е поранешниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, откако на вториот сведок, Влатко Чакаровски, му се слоши во судницата додека даваше исказ. Тој рече дека и вчера не се чувствувал добро и бил советуван од лекар да земе […]

Судењето за случајот „Тарифа“ на СЈО закажано за 19 декември

ноември 28, 2017

Почетокот на судскиот процес за случајот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство, Кривичниот суд во Скопје го закажа за 19 декември, соопштија од судот. Предметот ќе го суди судијката Верка Петковска, која го судеше случајот за настаните од кумановско Диво Насеље, од 9 и 10 мај 2015 година. „Предметот со КОК бр. 51/17 оформен по одобрување […]

„Метаморфозис“ и „Мајкрософт“ нудат можности за донации на софтвер за граѓанските организации

мај 15, 2017

Во Конгресниот центар на Скопски саем утре ќе се одржи „Ден на Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор, на тема „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“. „Денот на Мајкрософт“ посветен на НВО-секторот, организиран од Фондацијата „Метаморфозис“ со поддршка на „Мајкрософт“, ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да научат повеќе за можностите да добијат […]

Германија почнува со тестирање на софтвер за препознавање на говорот на мигрантите

март 18, 2017

Германските власти почнуваат со тестирање на нов софтвер за препознавање на говор, со кој може да се одреди од која земја доаѓаат мигрантите кои немаат документи, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение на властите во Берлин. Од заводот за бегалци и мигранти на Германија соопштиле дека новиот автоматизиран систем треба да почне да работи […]

Граѓанскиот сектор може да набави софтверски решенија преку платформата „Теchsoup Balkans“

ноември 20, 2016

Претставници на граѓанскиот сектор може да набават софтверски решенија преку платформата „Теchsoup Balkans“ која ја спроведува Фондацијата за интернет и општество„Метаморфозис“ која е партнерска организација на програмата за софтверски донации надлежна за Македонија, Косово и Албанија. За непрофитните организации да добијат софтверска донација преку оваа платформа прво мора да се регистрираат преку линкот https://www.techsoupbalkans.org/mk/user/register. Откако ќе се […]

Дроновите во Македонија го чекаат новото Собрание за да летаат по правилник

ноември 14, 2016

Агенцијата за цивилно воздухопловство подготви правилник за регулирање на управувањето со беспилотни летала, односно дронови, и истиот е доставен до Министерството за транспорт и врски, информираше генералниот директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Горан Јандреоски, на работилницата за авијација на „ТАВ Македонија“ во Струга. – Правилникот не може да биде донесен бидејќи Собранието е распуштено. Треба […]

Николовски: Во Платежната агенција недостига софтвер од 778.000 евра

август 4, 2016

Ревизорскиот извештај открива дека софтвер од 778.000 евра, за потребите на Платежната агенција, не е сметководствено евидентиран! Ова значи дека на повидок е нов скандал со одлевање стотици илјади евра народни пари за софтвери во Министерството за земјоделство и во Агенцијата за земјоделство и рурален развој, обвини денеска на прес-конференција Љупчо Николовски од СДСМ. – […]

„Фолксваген“ на Американците ќе им исплати 14,7 милијарди долари отштета

јуни 28, 2016

Германската компанија „Фолксваген“ постигна договор за исплата на 14,7 милијарди долари отштета на сопствениците на автомобили во САД, бидејќи призна дека користела софтвер за лажирање на контролата на издувните гасови. „Фолксваген“ се согласил да ги поправи или да ги откупи автомобилите во кои е вграден спорниот софтвер и на секој сопственик да му исплати до […]

Малку жени работат во секторот за ИТ-услуги во Македонија

март 22, 2016

Врз основа на претходни истражувања од 2015 година, вo Македонија на развој на софтвер и во секторот ИТ-услуги има помалку жени (27 отсто), а и помалку вработени жени на раководни места (12 отсто) во споредба со мажите, и покрај поголемиот број на академски образувани жени. – Работењето на жени како професионалци во ИТ-индустријата, која е глобално […]

Фондот за здравство воведе нов софтвер

ноември 3, 2015

Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија воведе нов електронски софтвер за унапредување и за олеснување на административните работи во здравствените институции. Директорот на Фондот, Сашо Стефаноски, денеска на прес-конференција рече дека во изминатиот период работеле на електронски систем кој ќе значи замена на досегашното класично административно работење на здравствените установи со ФЗОМ и преминување […]

Страна 1 од 2