fbpx

Со новата територијална кројка во Албанија, најоштетени Македонците од Голо Брдо

-

„Погрешен е впечатокот дека само Македонците во Албанија се оштетени со новата територијална поделба. Покрај нас, своите општини ги изгубија и припадниците на влашкото, црногорското и на грчкото малцинство. Затоа, очекуваме реакција од сите малцинства во земјата“, вели Незир Меча од друштвото „Илинден“од Тирана.

– Покрај Македонците, своите општини ги изгубија и припадниците на влашкото, црногорското и на грчкото малцинство. Очекувам сите заедно уште еднаш да реагираат кај власта и со тоа да покажат дека Албанија не ги почитува правата на малцинствата. Не случајно ЕУ пред неколку дена беше децидна дека Албанија сѐ уште не е подготвена да ги почне преговорите за членство – вели Меча.

Според новата територијална поделба, која треба да стапи на сила по локалните избори в година, на македонското малцинство му се укинаа пет општини кои досега функционираа како самостојни единици.

Единствено остана општината Пустец во областа Мала Преспа. Оваа општина има околу 2.000 жители. Македонците од Албанија сметаат дека треба да постојат општина Голо Брдо, каде што ќе бидат опфатени трите досегашни општини, и општина Гора, која би имала две општини. Со новиот закон најоштетени се Македонците од Голо Брдо. Трите општини од тој дел, Стеблево, Требиште и Острени, се присоединуваат кон градот Буркиза.

Универзитетскиот професор Кимет Фетаху, од македонското друштво „Мир“, вели дека по ова станало јасно дека Уставниот суд е продолжена рака на владата на Еди Рама, кој по секоја цена беше решен да ја спроведе територијалната поделба и покрај сите укажувања од партиите и од невладиниот сектор дека тоа е погрешна одлука.

Уставниот суд вчера по вторпат одби да расправа за територијалната поделба на општините. Судот, на барање на партиите од опозицијата и на припадниците на малцинствата, требаше да ја оценува уставноста на законот со кој бројот на општини од 367 се намали на 61.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...